Трет круг од предвремените избори во Македонија
30 јуни 2008Реклама
Третото прегласување на предвремените парламентарни избори се спроведе на 15 гласачки места во првата и шестата изборна единица во Македонија. Државната изборна комисија соопшти дека на прегласувањето излегле 41,30 отсто од граѓаните со право на глас.
Според Државната изборна комисија конечниот распоред во Собранието на Македонија, е следниов, ВМРО-ДПМНЕ има 63 пратенички мандати, Коалицијата „Сонце“ 27, ДУИ 18, ДПА 11 и ПЕИ едно пратеничко место.