Вашингтон и Лондон бараат заострени санкции за Иран
16 ноември 2007Реклама
Меѓународните атомски власти со извештајот за атомската програма Иран предизвикаа различни реакции. САД и Велика Британија соопштија дека остануваат на намерите за заострување на санкциите против раководството во Техеран. Меѓународната агенција за атомска енергија во својот биланс потврди дека Иран доставил одговори во врска со својата нуклеарна програма. Истовремено се забележува дека Техеран не го исполнил барањето на ОН за запирање на процесот на збогатување ураниум.