Буш за Блискиот исток
23 јули 2006Американскиот министер за надворешни работи Кондолиза Рајс на Блискиот Исток патува по личен налог на претседателот Џорџ Буш. За целите на нејзината мисија Буш изјави:
„ Секретарот Рајс ќе стави јасно до занење дека решението на кризата бара да им се застане на патот на терористичките групи кои вршат напади и на земјите кои ги поддржуваат„
Една од тие земји според Џорџ Буш е Сирија која според него постојано ги поддржува екстремистите на Хезболах:
„ Повеќе години Сирија го финансира Хезболах и го снабдува со оружје од иранско производство. Иранскиот режим постојано ја предизвикуваше меѓународната заедница со своите амбиции за нуклеарно оружје и помошта на терористичките групи. Нејзините акции се закана за целиот Блиски исток и заложбите за воспоставување мир во кризниот регион„
Американскиот претседател нагласи дека со сојузниците и натаму ќе работи за стабилност во регионот и воспоставување здрави односи меѓу Израел и Палестина;
„САД и натаму остануваат за одржување на мирот на Блискиот исток. САД и нашите партнери ќе продолжат да бараат да биде вратен мировниот курс во регионот, како начин за формирање стабилна и демократска палестинска држава која ќе живее во мир со Израел. Ќе продолжиме со поддршката за лидерите како палестинскиот претседател Махмуд Абас„ рече Џорџ Буш