Бундестагот и Бундесратот дадоа "виза" за реформите
19 декември 2003Реклама
Десетте централни реформски планови на германската сојузна влада можат да стапат на сила. Прво парламентот - Бундестагот, а потоа и претставништвото на покраините - Бундесратот дадоа денеска согласност за компромисот меѓу владата и опозицијата, претходно издејствуван во Одборот за посредување. Сега, покрај другото, може од 1-ви јануари да стартува даночната реформа - една година порано од првобитно панираното, што на обврзниците треба да им донесе растоварување во обем од 15 милијарди евра, но истовремено им се намалуваат и дел од даночните повластици. Отворен е и патот за спроведување на итната програма за стабилизација на пензискиот придонес, како и за реформите на пазарот на работна сила.
Канцеларот Герхард Шредер во парламентот го нагласи значењето на реформите за иднината: "Таа динамика не може точно да се постигне во потребниот обем во вообичаените структури и поради тоа тие мора да бидат преиспитани и мора да бидат променети - една од големите задачи во оваа деценија". Водачот на опозицијата Ангела Меркел акцент стави на проблемите што канцеларот ги имаше во сопствените коалициони редови, а истовремено и на бавноста на зафатите: "Дами и господа, сепак е вистина дека вие не чекоревте сплотени по патот на канцеларот, туку неволно, мачно и со темпо кое повеќе личи на темпо на полжав, отколку на темпо кое навистина и' е потребно на земјава".

Реклама