Блер-специјален пратеник за Блискиот исток?
21 јуни 2007Реклама
Според медиумски извештаи,САД го планираат досегашниот британски премиер Тони Блер за нов специјален пратеник на т.н. Квартет за Блискиот исток.Американскиот претседател Џорџ Буш веќе разговара со Блер за идејата,се вели во Вашингтон.На оваа функција досега беше поранешниот претседател на Светската банка Џејмс Волфенсон.Белата куќа ниту ги потврди ниту ги демантира информациите.Новиот специјален пратеник за Блискиот исток би требало да соработува со палестинските власти во изградбата на институциите за независна држава.