Блер го поздрави договорот за новата влада во Северна Ирска
27 март 2007Реклама
За официјален Лондон, постигнатиот договор за нова влада во Северна Ирска е почеток на нова ера. Премиерот Тони Блер го поздрави договорот меѓу вечно спротивставените партии Шин Фејн и Демократската Унионистичка партија за поделба на власта. Новата влада треба да стапи на должност на 8 мај, а ќе ја предводи лидерот на Унионистите, Иан Пејсли.