1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шок по пожарот во Кемерово

ЕМФ /агенции
27 март 2018

Еден ден по пожарот во сибирскиот град Кемерово, Русите се сѐ уште во шок. Бесот на роднините на жртвите е насочен против властите. Има ли повеќе жртви од официјално познатите податоци?

https://p.dw.com/p/2v48z
Russland Gedenken in Kemerowo nach Brand in Einkaufszentrum
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/S. Gavrilenko

По пожарот во Кемерово, во кој загинаа над 60 лица, стотици луѓе демонстрираа со барање за расчистување на трагедијата. Жителите на Кемерово од властите бараат листа со имиња на жртвите. Според официјални наводи, во пожарот загинале 64 лица, од кои околу 40 деца. Жителите на градот меѓутоа се сомневаат дека бројот на загинати е повисок.

Група граѓани, составена од роднини на жртвите и жители на градот, по посетата на мртовечницата потврди дека меѓу загинатите има 41 дете. Многу од нив, како што се вели, сѐ уште не се идентификувани. Групата тврди дека податокот за загинати што го соопштуваат властите е коректен.

Пожарот кој изби во неделата попладне во одделот за деца на четвртиот кат од трговскиот центар во Кемерово за кусо време зафати површина од 1600 квадратни метри. Шопинг-центарот „Зимска вишна“ е омилен кај семејствата со деца поради кино-салите и еден оддел со животни. Изграден е во 2013 година.

Russland Gedenken in Kemerowo nach Brand in Einkaufszentrum
Фотографија: picture-alliance/TASS/K. Kukhmar

Преживеаните раскажуваат за драматични моменти. Луѓето затворени во киното се јавувале на роднини, сметајќи дека се работи за заложничка драма или терористички напад. Луѓе во паника скокале од прозорците. Едно единаесетгодишно дете преживеало со тешки повреди скокајќи од прозорец, додека родителите и сестра му го загубиле животот. Припадници на семејствата сами трагале по своите деца и беспомошно биле сведоци на нивното умирање.

Причината за пожарот досега не е сосема разјаснета. Првичните сознанија водат до дефектен кабел од кој избувнал пожарот. Постојат и изјави на сведоци, според кои момче играло со запалка и запалило коцка од сунѓер.

Russland Wladimir Putin Gedenken in Kemerowo nach Brand in Einkaufszentrum
Рускиот претседател Владимир Путин положи цвеќе пред еден од ѕидовите на трговскиот центар во КемеровоФотографија: picture-alliance/AP Photo/Sputnik/A. Druzhinin

Рускиот претседател Владимир Путин изненадувачки го посети Кемерово и положи цвеќе на еден до ѕидовите на трговскиот центар. Тој остро ги критикуваше мерките за заштита и безбедност и вети дека сите одговорни ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Десетици загинати во пожарот во Кемерово