1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Пустошењето на огнената стихија

СН/агенции
14 септември 2020

Западот на САД гори. Стотици илјади луѓе бегаат од јагленосаните пејсажи. Воздухот е токсичен на многу места, облаците се од пепел. Американскиот претседател Трамп денеска патува за Калифорнија.

https://p.dw.com/p/3iQA4
USA Waldbrände Feuer
Фотографија: Getty Images/AFP/K. Elsesser

Јагленосаната детска лулашка и изгорениот автомобил  на оваа #ФотографијаНаДенот се тажните остатоци од пустошењето на огнената стихија во местото Гејтс во американската сојузна држава Орегон. 

Пламените јазици таму досега уништија повеќе од 600.000 хектари шуми и населени места.

Дефектно дизел возило виновно за огнената стихија во Калифорнија

Калифорнија е најтешко погодена: Повеќе од 12.700 од иопожарените 19.000 квадратни километри се во оваа сојузна држава на западниот брег.

Населението масовно бега од пожарите и одотровниот воздух. Американскиот претседател Трамп денеска за првпат ќе отпатува во кризниот регион во близина на градот Сакраменто во Калифорнија.