1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Средба во Истанбул: Русија и Украина повторно преговараат

СН/агенции
29 март 2022

За прв пат по речиси три недели, претставниците на Киев и Москва денеска директно разговараат меѓу себе за постигнување примирје во Украина. Тие се среќаваат во Истанбул - со посредство на турскиот претседател Ердоган.

https://p.dw.com/p/499UM
Првата рунда преговори во Турција на 10 март не донесе никакви опипливи резултати (архивска фотографија)
Првата рунда преговори во Турција на 10 март не донесе никакви опипливи резултати (архивска фотографија)Фотографија: Cem Ozdel/Turkish Foreign Ministry/AP/dpa/picture alliance

Во Истанбул денеска започнува нова рунда руско-украински преговори во обид да ѝ се стави крај војната во Украина, која започна на 24 февруари со влегување на руска војска во земјата.

Претставниците на двете страни  вчера пристигнаа во турската метропола  каде ќе се сретнат на четврта рунда мировни преговори чија цел е да се стави крај на инвазијата на Украина, која ја започна рускиот претседател Владимир Путин.

На 10 март во Истанбул веќе беше одржана една рунда разговори на ниво на министри за надворешни работи, но не резултираше со напредок. Раговорите потоа беа продолжени онлајн.

Украина сака „стабилен прекин на огнот“

Една од важните точки во преговорите се однесува на „безбедносните гаранции и на неутралност“ на Украина, рече украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и додаде дека тоа прашање темелно се проучува.

Повеќе: Абрамович не бил отруен, тврди претставник на САД

Пред почетокот на новата рунда преговори, украинскиот министер за надворешни работи изрази скептицизам за шансите за успех. „Ако видиме дека расположението е сменето и тие се подготвени за сериозни, суштински разговори и избалансирани договори, тогаш работите ќе тргнат напред“, изјави Дмитро Кулеба. „Ако тоа е повторување на нивната пропаганда, разговорите повторно ќе пропаднат“. Минималната цел на украинската страна е да ја подобри хуманитарната ситуација во градовите опколени од руските војници, како што е Мариупол, кој е практично пазурнат. Посакуваната цел е стабилен прекин на огнот. Кулеба повторно укажа на црвените линии на украинската влада: „Не разменуваме луѓе, земја и суверенитет. Нашата позиција е конкретна“.

Русија, пак, според некои извори, наводно, е подготвена на отстапки, бидејќи руските оперативни недостатоци и посилниот украински отпор од очекуваното во голема мерка ја запреа нејзината едномесечна офанзива. 

Близу 4 милиони бегалци од конфликтот

Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, меѓутоа, изјави оти нема некакви очекувања поради недостаток на заначителен напредок во досегашниот тек на преговорите.

Русија, наводно, веќе не бара „денацификација“ на Украина и е подготвена да го пушти Киев да се придружи кон Европската унија под услов да остане воено неутрален, тврдат четири лица запознаени со мировните преговри меѓу Украина и Русија, чие продолжение се очекува денеска.

Во нацртот на документот за запирање на огнот не се споменуваат трите почетни клучни барања на Русија - „денацификација“ и „демилитаризација“ на Украина и законска заштита на рускиот јазик во Украина, додаваат овие извори.

Според податоците на ОН, конфликтот досега принудил речиси 3,9 милиони Украинци да ја напуштат земјата.