1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

САД нудат милион долари за синот на Бин Ладен

ЕМФ / дв
1 март 2019

Хамза Бин Ладен има клучна позиција во терористичката група Ал Каеда и по него трагаат тајните служби. Сега САД нудат награда до еден милион долари за информации кои ќе доведат до него.

https://p.dw.com/p/3EIdH
Hamza bin Laden Sohn von Osama Bin Laden
Фотографија: picture-alliance

Шпекулациите за локацијата на која се наоѓа Хамза Бин Ладен, од некои наречен и „Принц престолонаследник на џихадот“, траат со години. Еднаш се тврди дека е виден во Пакистан или Авганистан, другпат во Сирија, па дури и во домашен притвор во Иран.

Во соопштение на американското Министерство за надворешни работи се вели дека Хамза Бин Ладен е син на убиениот шеф на Ал каеда, Осама Бин Ладен, и дека тој презел раководна улога во оваа терористичка организација. Американските власти распишаа потерница по Хамза Бин Ладен и нудат награда до еден милион долари кои ќе доведат до него.

Хамза Бин Ладен, за кој се проценува дека е на возраст од околу 30 години, повеќепати на интернет има повикано на напади врз САД и нивните западни сојузници и се има заканувано со терористички напади во знак на одмазда за својот татко. Осама Бин ладен беше убиен во мај 2011 година во пакистанскиот град Аботабад од страна на американски специјални сили. Американската влада смета дека неговиот син е терорист кој дејствува глобално и од 2017 година го стави на својата листа на барани терористи. Со тоа беше замрзнат неговиот имот во САД, а американските граѓани и фирми не смеат да влегуваат во бизниси со него.

Bin Ladens Versteck in Abbottabad , Pakistan
Куќата во која се криеше Осама Бин Ладен во Аботабад, ПакистанФотографија: Reuters

Еден од полубраќата на Хамза минатата година информираше дека тој се оженил за ќерката на Мохамед Ата. Ата беше еден од атентаторите кои ги извршија нападите на 11 септември 2001 година во САД. Египќанецот важеше за шеф на терористичката ќелија од Хамбург и го насочи едниот од авионите во северната кула од Светскиот трговски центар во Њујорк.

Повеќе: Потсетување на 9/11: Денот кој го промени светот

Фамилијата Бин Ладен важи за една од најбогатите во Саудиска Арабија и и натаму игра значајна улога во повисоките слоеви на општеството.