1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пожарите уништија цели градови

Ута Штајнвер
11 септември 2020

Пожарите на западниот брег на САД предизвикаа огромни штети и уништија цели градови. Калифорнија се бори со едни од најголемите пожари во својата историја.

https://p.dw.com/p/3iJbA
USA Waldbrände Feuer
Фотографија: Getty Images/AFP/K. Elsesser

Против 29 шумски пожари во Калифорнија се борат 14 илјади пожарникари. Бројот на жртви се зголемува. Во регион каде беснее пожар, во Бјут Каунти, пронајдени се седум тела, соопшти надлежниот шериф. Во средата во регионот беа пронајдени три пеплосани тела на загинати. Полицијата соопшти дека во сојузната држава Орегон, северно од Калифорнија, се пронајдени исто така две тела. Се стравува дека бројот на жртви ќе се зголемува, со оглед на тоа што многу места се комплетно отсечени од светот.

Waldbrände in den USA
Уништени се илјадници згради и други објектиФотографија: picture-alliance/AP/K. Jantzer

Гувернерката на Орегон, Кејт Браун, изјави дека пет града во оваа сојузна држава се „во најголем дел уништени“. Во текот на вчерашниот ден, според наводи на властите, во Орегон имало 37 пожари. Околу 500.000 луѓе, односно десет проценти од вкупното население, биле принудени на евакуација.

USA Waldbrände Feuer
На евакуација се принудени стотици илјади луѓеФотографија: picture-alliance/AP Photo/J. Locher

„Никогаш досега не сме виделе толку незапирлив оган во нашата држава“, напиша Браун на Твитер. Во пламен се повеќе од 3600 квадратни километри земја, или површина со големина колку шпанскиот остров Мајорка.

Повторноторазгорување на пожарите е поттикнато од топлотниот бран и ветрот. Во текот на наредната недела температурите конечно би требало да паднат, што би требало да донесе и извесно олеснување, соопшти противпожарната служба во Калифорнија.

Waldbrände in den USA
Фотографија: AFP/K. Elsesser

Годинава во Калифорнија се уништени повеќе од 12.500 квадратни километри земја и околу 4000 згради. Веќе сега шест од актуелните пожари се вбројуваат во 20-те најголеми пожари во историјата на Калифорнија.