1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Природа и животна срединаСоединети Американски Држави

Огнен пекол во Калифорнија

СН/дв
3 август 2020

Во Чери Валеј источно од Лос Анџелес беснеат пожари. Топлиот и сув воздух ја отежнува борбата против огнената стихија, која забрзано се шири поради злогласните ветришта „Санта Ана“

https://p.dw.com/p/3gIys
USA Waldbrände in Kalifornien
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/R. H. W. Chiu

Против ваков огнен ѕид, каков што во моментов пустоши на југот на Калифорнија дури и 1.300 пожарникари можат да сторат малку. Речиси 8000 луѓе веќе ги напуштија своите домови во  месноста Чери Валеј источно од Лос Анџелес. Во моментов на југозападот на САД и посебно во Калифорнија,  посебно силни се злогласените ветришта „Санта Ана“ - а во сувата вегетација, една искра е доволна за катастрофални пожари.