1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пендаровски во Берлин - германска поддршка за С. Македонија

ЖА
25 јуни 2019

Во рамките на посетата на Германија, претседателот на С. Македонија денеска се среќава со претседателот Штајнмаjер. На средбата со шефот на германската дипломатија Мас била потврдена германската поддршка за прием во ЕУ.

https://p.dw.com/p/3L2NA
Deutschland Nord-Mazedonien Heiko Maas trifft Stevo Pendarovski in Berlin
Фотографија: Imago Images/photothek/T. Koehler

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Берлин ќе биде примен од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер со сите воени почести во паркот Белви, по што ќе следат разговори. Во рамките на својата посета на Германија, Пендаровски вчера имаше средба со германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, на која било разговарано посебно за изгледите на земјата за прием во Европската унија.

Германија со децении ги поддржува западнобалканските држави на патот кон безбедност, зашто тоа се земји кои се наоѓаат директно пред вратите на ЕУ и нивниот развој има директни последици и врз Германија, соопшти германското МНР.  Во регионот се вкрстуваат различни интереси. „Доколку му завртиме грб на Западен Балкан, настанатата празнина ќе ја пополнат други сили“, истакна министерот Мас.

Повеќе: 

Меркел ќе стори сѐ за датум за ЕУ-преговори со С. Македонија во октомври

ЕУ ги остави Северна Македонија и Албанија во чекалница

ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија

Во последниот извештај Европската комисија констатираше одлучувачки напредок на Северна Македонија, се вели во соопштението на германското МНР по средбата Пендаровски-Мас и се додава дека посебно како голем успех се смета историското надминување на спорот околу името меѓу Скопје и Атина. За германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас е јасно: мора да се наградат масивните политички напори со кои владата на Северна Македонија ја придвижи земјата нанапред.

Deutschland Nord-Mazedonien Heiko Maas trifft Stevo Pendarovski in Berlin
Фотографија: Imago Images/photothek/T. Koehler

На последниот самит, ЕУ  повторно ја одложи одлуката за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, со укажување дека тоа е од техничка природа. Германската канцеларка Ангела Меркел по самитот изјави дека ќе стори сѐ што е во нејзина моќ за во октомври да има позитивна одлука во врска со датум за почеток на преговори со Северна Македонија.