1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Операција „Тројански коњ“-Полицијата ги измами криминалците

Флоријан Фладе | Бенедикт Штрунц (НДР)
8 јуни 2021

Во координирани полициски акции во повеќе земји се уапсени преку 800 осомничени криминалци, кои верувале дека водат безбедна комуникација преку крипто апликација, не знаејќи дека програмата е креирана од полицијата.

https://p.dw.com/p/3uaWm
Niederlande Europol-Pressekonferenz zur organisierten Kriminalität
Фотографија: Jerry Lampen/ANP/picture alliance

Користејќи софистицирани методи, Европол и ФБИ во акцијата наречена „Тројански штит" успеа да нанесе голем удар на организираниот криминал.

Со години криминалци во светот ја користеле апликацијата за мобилни телефони „Аном“, за да организираат зделки со дрога и оружје во голем стил и дури и нарачани убиства. Очигледно тие ја сметале за безбедна кордираната програма, која фактички претставувала стапица: американската ФБИ и австралиската федерална полиција АФП ја манипулирале апликацијата, па иследниците можеле постојано да ги читаат пораките.

Вчера во акција истовремено стапиле повеќе илјади полицајци и царински службеници во најмалку 16 земји низ цел свет, претресувајќи бројни станови, канцеларии и складишта и уапсиле преку 800 осомничени криминалци. Запленети се осум тони кокаин, пет тони канабис и два тони кристал мет, а пронајдени се и преку 140 милиони американски долари.

И во Германија вчера е извршен претрес на преку 150 објекти, притворени се околу 70 лица, соопштија Сојузната криминалистичка служба и Државното обвинителство од Франкфурт на Мајна. Пронајдени и запленети се повеќе од 120 килограми марихуана, 25 килограми хашиш, три килограми хероин, еден килограм кокаин, преку 6.000 растенија канабис и 20 парчиња оружје, како и пари во кеш- 250.000 евра. „Досега во рамките на овој истражен комплекс успеавме да покренеме преку 20 истражни постапки против повеќе од 80 осомничени сторители“, соопштија надлежните служби.

Апликација за мобилни телефони специјално за криминалци

Невообичаената операција започнала со манипулираната комуникациска платформа пред околу три години. Во март 2018 година ФБИ го растури канадскиот понудувач на мобилни телефони Phantom Secure, кој криминалците низ цел свет ги снабувал со мобилни телефони наводно целосно сигурни од прислушкување. 

Повеќе: 

Истрага за голема измама: од Кобленц до Чегране

Коронавирус: Криминалците во криза?

Полицијата им зададе тежок удар на корисниците на даркнет

Италијанска мафија, кланови и бајкери: Најголемите европски криминални банди

Фирмата последно имала најмалку 20.000 корисници, кои плаќале по 2.000 американски долари за мобилен телефон и за полугодишно користење на кодирачката апликација. Меѓу нив, според иследниците, биле исклучиво криминалци, претежно трговци со дрога и опојни средства. Шефот на фирмата Винсент Рамос поради поддршка во трговијата со дрога и перење пари бил осуден на девет години затвор и парична казна од 80 милиони американски долари.

Од криминалец до информант

При разбивањето на Phantom Secure, на дислоцираната централа на ФБИ во Сан Диего ѝ успеало врбување информант кој очигледно сакал да избегне затворска казна и за возврат бил спремен на соработка со американските власти. Информантот претходно ги препродавал крипто-мобилните телефони од Phantom Secure и понудувачот Sky Global на криминални мрежи и креирал сопствен нов производ, наречен „Аном“.

Информантот ѝ понудил на ФБИ користење на оваа нова апликација во истрагата, предлагајќи освен тоа својата постојна мрежа од корисници да ја употребува за натамошно ширење на програмата. За својата кооперација информантот, кој самиот имал одлежано затворска казна од шест години поради трговија со дрога, според судската документација од САД добил награда од 120.000 американски долари, како и еднократна исплата од 60.000 долари.

Тајна врата за истрагата

ФБИ на тој начин имала пристап до крипто апликацијата која во криминалните кругови очигледно се сметала за сигурна и брзо наоѓала нови корисници. Во соработка со австралиската федерална полиција АФП, на американските истражители им успеало да ја програмираат „Аном“ на тој начин, што истовремено ќе можат да ја следат целата комуникација – пораките, фотографиите и видеата. Американците оваа прислушкувачка акција ја нарекле „Тројански штит“, во Австралија се нарекува  Ironshield".

Essen Großangelegter Polizeieinsatz wegen Drogenkriminalität
Рација во рамките на операцијата „Тројански коњ“ во Есен, ГерманијаФотографија: Stephan Witte/dpa/picture alliance

Криминалците не знаеле дека со години без своја волја користат државна надгледувачка апликација.

„Аном“ последно имала преку 9.000 корисници, најголем дел од нив, според ФБИ, во Германија, Холандија, Шпанија, Австралија и Србија. Преку апликацијата се одвивале бизниси со дрога во голем стил, како лиферување повеќе тони кокаин од Еквадор во Белгија и во Холандија. Некои од овие акции биле запрени од полициските служби и дрогата запленета. Со помош на надгледувањето на „Аном“ биле спречени и атентати, соопштија австралиските иследници денеска на прес конференција.

Останува нејасно колку криминални акции можеби не можеле да бидат спречени.

На австралиските иследници им успеал и посебен потфат: тие не само што успеале најбараните престапници во земјата самите да ја користат апликацијата, туку наводно безбедната програма ја препорачувале и препродавале натамошно на други криминалци. Во најголемите проширувачи на „Аном“ спаѓа поранешен рокер-шеф од Австралија, кој со години престојувал и во Турција.

Австралиските антинаркотички иследници со години се соочени со посебен предизвик: меѓу криминалците, меѓу кои и мотоциклистички банди, но и јужноамерикански и азиски мрежи, им е посебно профитабилно шверцувањето опојни дроги во островската држава. Уличната продажна цена на лиферуваните дроги во Австралија е прилично висока, на пример кокаинот таму чини често многукратно повеќе отколку што се плаќа во САД или Европа.