Нимиц во Скопје
21 август 2008Реклама
Ова име беше меѓу петте предлози што посредникот на ОН, Метју Нимиц ги иницираше пред самитот на НАТО во Букурешт. Медијаторот денес (21.08.2008) има одделни средби со претседателот и премиерот, Бранко Црвенковски и Никола Груевски, иако двајцата завчера, на блиц средба, наводно ја усогласиле заедничката стратегија на Македонија околу најновиот предлог на Нимиц.
Нимиц утре од Скопје заминува за Солун, на средба со грчкиот преговарач во спорот околу името, Адамантиос Василакис.