1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Русија предупреди дека ИСС може да се урне на Земјата

СН/агенции
12 март 2022

ИСС беше иницирана како меѓународен мировен проект - но сега Русија води војна. Што значи ова за иднината на вселенската станица?

https://p.dw.com/p/48OaI
Raumstation ISS -Mission STS-117
Фотографија: akg-images/picture alliance

Руската вселенска агенција Роскосмос испрати денеска писмо до НАСА и до другите меѓународни партнери со барање да се укинат санкциите на Западот против Русија поради инвазијата врз украина, наведувајќи дека би можеле да ја загрозат Меѓународната вселенска станица (ИСС).  Ова првенствено влијае на рускиот дел од станицата, кој е одговорен за корекции на курсот. Како резултат на тоа, структурата тешка 500 тони може да падне на Земјата, напиша шефот на Роскосмос, Димитри Розгин, на Твитер

Тој во објавата вели дека ги повикал вселенските агенции на САД, Канада и на Европа да ја одржат вселенската станица во функција.

Розгин апелот го илустрираше со мапа која го покажува патот на летот на ИСС и потенцијалната зона на пад која се простира на поголем дел од светот, но едвај ја допира Русија.

Русите во очајна потрага по странски валути

Четворица астронаути на НАСА, двајца руски космонаути и еден европски астронаут во моментов се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица.

Вселената е една од последните области каде Русија и САД сè уште соработуваат. Според американската вселенска агенција НАСА, таа веќе работи на решенија за задржување на ИСС во орбитата без руска помош.

Роскосмос е задолжен за транспортот на  членови на екипажот и за снабдување на ИСС преку вселенски капсули Сојуз и вселенски товарни бродови Прогрес. На 30 март, американскиот астронаут Марк Ванде Хеи и двајца руски колеги треба да се вратат на Земјата од ИСС во вселенската капсула Сојуз.

Време за прослава на Меѓународната вселенска станица