1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победа на Демократот Ворнок во Џорџија

ЖА / агенции
6 јануари 2021

На клучните избори за два сенаторски мандати во американската сојузна држава Џорџија, според медиумите, еден од демократските кандидати, Ворнок, постигнал победа, исходот од вториот дуел се чека.

https://p.dw.com/p/3nYhU
Georgia Senats-Stichwahlen | Raphael Warnock Demokraten
Фотографија: Sue Dorfman/Zuma/dpa/picture alliance

Демократскиот кандидат за Сенатот, Рафаел Ворнок успеал да извојува победа против својата противкандидатка, републиканската сенаторка Кели Лофлер, како што јавуваат утрово телевизиите Си-Ен-Ен, Си-Би-Ес и Ен-Би-Си.

Исходот од вториот изборен дуел ќе биде решавачки дали Републиканската партија на претседателот во заминување, Доналд Трамп, ќе остане во мнозинство во Сенатот или и таму ќе доминира Демократската партија на новиот претседател Џо Бајден. Од гласањето за двајцата претенденти – републиканскиот сенатор Дејвид Пердју и неговиот демократски предизвикувач Џон Ософ засега нема официјален резултат, трката меѓу нив е многу тесна, но Ософ има мала предност.

Повеќе на темата:

Џорџија ја решава иднината на САД 

„Криминален и опасен“: Револт по телефонскиот повик на Трамп во Џорџија

И што сега, Америко?

Бидејќи Демократската партија веќе има мнозинство во Претставничкиот дом, освојувањето на двата сенаториски мандати во Џорџија би ѝ обезбедило доминација и во Сенатот, а со тоа и во целиот Конгрес. Контролата на Демократите во целиот Конгрес значително би го олеснило владеењето на Џо Бајден. Доколку пак Републиканците го зачуваат мнозинството во Сенатот, имаат можност да ги блокираат политичките проекти и персоналните одлуки на идниот претседател. Џо Бајден на 20 јануари треба да биде инаугуриран и да го замени Доналд Трамп на претседателската функција во САД.