1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милијарди евра за Западен Балкан за приближување кон ЕУ

ЕМФ | агенции
8 септември 2021

Северна Македонија и шест други земји треба да добијат 14,2 милијарди евра помош за приближување кон Европската унија. Средствата ќе се распределуваат во зависност од реформските напори на секоја земја.

https://p.dw.com/p/403fA
Symbolbild Westbalkan Flaggen (mit EU)
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/Qian Yi

Земјите од Западен Балкан (Северна Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија) и Турција до крајот на 2027 година треба да добијат помош во висина од 14,2 милијарди евра од т.н. помош за приближување кон Европската унија.

Помошта, која во јуни годинава беше „испреговарана“ од страна на португалското претседателство со Унијата и претставници на Европскиот парламент, вчера доби зелено светло од Советот на земјите членки на ЕУ.

Парите од ЕУ, според Советот, би требало да бидат употребени за реформи кои би го отвориле патот кон членство во Унијата. Средствата ќе се распределуваат во зависност од реформските напори на секоја земја, објаснуваат од Советот.

Повеќе:

Отворен Балкан и затворена Европа

Словенечко претседателство со ЕУ: Фокус на Западниот Балкан

Палмер и Рот со порака: ЕУ никогаш нема да биде комплетна без земјите од Западен Балкан

Во јуни, надлежната за преговори португалска државна секретарка за европски прашања, Ана Паула Закаријас, изјави дека со помошта „се дава поддршка за спроведување многу важни политички, институционални, социјални, како и економски реформи, кои се неопходни за придржување до вредностите на ЕУ и за постепено прилагодување кон прописите, нормите и стратегиите на ЕУ“.

Официјалната согласност на Европскиот парламент за помошта за седумте држави се очекува во текот на септември, но тоа, по постигнатата согласност во јуни, важи за формалност.