1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Хемиски постројки во близина на големи градови - зошто?

Изабела Ескобедо
31 јули 2021

Во Германија е сосема вообичаено да има хемиски постројки во непосредна близина на големи градови. На пример БАСФ е во близина на Манхајм, Бајер во близина на Келн. Тоа носи ризици, но пред сѐ придобивки.

https://p.dw.com/p/3yHsu
Krefeld, Deutschland | Luftaufnahme Chempark
Фотографија: Currenta

Хемиската индустрија во Рајнската област - регион во покраината Северна Рајна Вестфалија - во која припаѓа и хемискиот парк во Леверкузен, е една од најголемите индустриски области од оваа бранша во Европа. Над 260 хемиски компании тука вработуваат 70.000 луѓе и се дел од таканаречените хемиски паркови.

Од местото Веселинг на југ до Дормаген на север - на потег од неколку километри околу Келн е седиштето на водечките хемиски компании како Бајер, Егзон Мобил Хемикал, Инеос Ковестро, Лионделбазел или Ланксес. За да се сфати како може вакви големи хемиски паркови да се речиси интегрирани во регионите околу метрополите, треба да се погледне во долгата историја на Рајнската област како индустриски центар.

Карл Леверкуз и фабриката за бои

Пред сѐ реката Рајна како транспортна рута за превоз на стоки била клучна за тоа многу хемиски компании да се стационират таму кон крајот на 19 век. И градот Леверкузен го добил своето име благодарение на оваа индустрија. Во 1860 година хемичарот Карл Леверкузен ја сели својата фабрика за ултрамарин од Велмескирхен во малото место Виздорф на Рајна.

Последиците од страотната експлозија во Леверкузен

Повеќе:

-Потрага по исчезнатите и истрага за експлозијата во Леверкузен

-Eксплозијата во Леверкузен регистрирана на 40 километри оддалеченост

-Експлозија во хемиска компанија во Леверкузен

Речиси 20 години подоцна од малото место Елберфелд (денес мала населба во Вупертал) во Виздорф се пресели и претходникот на меѓународниот хемиски концерн Бајер, фабриката за бои Фридрих Бајер и ко. Благодарение на фабриката Леверкуз сета важна производствена инфраструктура веќе беше присутна на Рајна.

Бидејќи сакаа да им овозможат на вработените покус пат до работа оти во тоа време немаше начин како да се превезуваат од пооддалечените места, почнаа да градат населби за живеење во близина на фабриките. Така малите населби прераснаа во градови и на крајот се роди денешен Леверкузен. Ова е причина зошто и до ден-денес има населби во близина на фабрики. Истовремено оваа индустрија обезбедуваше сѐ поголем број работни места што привлекуваше луѓе да се доселуваат во градовите како Келн.

Deutschland Brand im Chemiepark Leverkusen
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg

За време на таканареченото економско чудо во повоените години значително се зголеми бројот на вакви концерни во Рајнската област.

На крајот од минатиот век со преструктуирање на поединечните хемиски концерни настанаа денешните хемиски паркови. Идејата е различни комапнии да ги групираат производствените капацитети на едно место, користат синергија и градат соодветна инфраструктура и тоа успешно.

Концептот за хемиски паркови - хит и во странство

„Моделот на германски хемиски парк е хит и во странство", смета Ернст Григат. Докторот по хемија повеќе од десет години го водел ХемПаркот со постројки во Леверкузен, Дормаген и Крефелд Ирдинген. Григат посочува дека во Кина се изградени илјадници хемиски паркови според германскиот концепт. Причина е што концентрирањето на експертско знаење и ресурси на едно место овозможува подобро менаџирање на безбедносните и еколошките аспекти.

Освен тоа, Рајнската област специјализирана на хемиска индустрија има и друга конкурентска предност - имено, тоа што има многу хемиски паркови во непосредна близина им овозможува и меѓусебна соработка. „Има силна поврзаност меѓу Дормаген, Леверкузен и Веселинг“, вели Григат.

Karte Explosion Chempark Leverkusen DE

Тој регион има пристап до пристаништа, таму се пресекуваат многу европски сообраќајни оски и поврзани се на уникатен систем преку кој може да се транспортираат 50 проценти од материите. „Обичен келнјанин можеби не е свесен за тоа дека Келн е главниот хемиски град во Германија, па можеби дури и во Европа“. 

Но, зарем не е опасно, хемиското производство да биде толку близу до градот?

Не мора да значи, вели Ернст Григат. Се разбира, постојат производи во хемијата кои би можеле да бидат опасни. Но, главната предност на хемиските паркови е тоа што ги имаат потребните безбедносни структури, како што се противпожарните бригади специјално обучени за справување со опасни материи.