Експлозија во хемиска компанија во Леверкузен
27 јули 2021Ситуацијата во хемиската компанија Курента е сѐ уште непрегледна, а според полициски наводи на лице место има многу припадници на полицијата кои работат на разјаснување на случајот. Келнската полиција на Твитер моли граѓаните да го заобиколуваат во широк круг погоденото подрачје и да ги остават улиците проодни за спасувачите, пожарникарите и полициските службеници.
Населението преку апликацијата „Нина“ доби предупредување од „екстремна опасност“. Граѓаните се замолени да престојуваат во затворени простории и да не ги отвораат вратите и прозорците.
Како дошло до несреќата досега е непознато. Портпарол на хемиската компанија Курента единствено соопшти дека има повредени, но не е познат ниту точниот број на повредени ниту тежината на нивните повреди.
Во 2019 година концернот Бајер и Ланксес му го продадоа својот удел во Курента на инфрастртуктурен и инвестициски фонд на австралиската банка Мекквори. Компанијата управува со таканаречените хемиски паркови во германските градови Леверкузен, Дормаген и Крефелд.