1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Колку се корисни тестовите за антитела?

Фабијан Шмит
30 мај 2020

Во Русија, Италија и други земји, здравствените власти имаат намера со масивни тестирања за антитела да го утврдат вистинскиот број на заразени со корнавирус. Како функционираат овие тестови и колку се значајни?

https://p.dw.com/p/3czWt
Start der Studie "Corona-Monitoring lokal"
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Murat

Без оглед на тоа што во Русија веќе со недели се во сила строги мерки поради коронавирусот, бројот на нови случаи повторо расте. Само минатата сабота властите пријавиле преку 9.400 нови инфекции. Сега се планира со масовно тестирање за антитела во земјата да се создаде подобар преглед на текот на пандемијата. Италија исто така се потпира на опсежни тестови за да го утврди фактичкиот број на заразени.

Со т.н. серолошки тестови (ЕЛИСА) може да се открие кој веќе бил инфициран со вирусот САРС-КоВ-2: мала количина крв се тестира во лабораторија и се покажува дали постојат специфични антитела, имуноглобулини ИгМ и ИгГ, кои имунолошкиот систем ги создал против вирусот. Ако антителата ги има во крвта, примерокот ја менува бојата.

Да се открие кој е веќе имун

Масовно тестирање на антитела треба да покаже кој веќе развил имунитет на Ковид-19. Така би можеле да се идентфикуваат заразаените кои покажале слаби или воопшто немале симптоми типични за болеста и кои не знаат дека се веќе имуни.

Повеќе:

Што треба да знаете за тестовите за коронавирус

Шведскиот експеримент со Ковид-19 на стаклени нозе

„Див запад“ на пазарот на тестови за коронавирус

Лек за коронавирус од антитела на излечени пациенти

На пример, оние кои се имуни, можат да бидат погодни како даватели на крвна плазма за пациенти кои се лечат од Ковид-19, зашто се смета дека кај нив ризикот од повторно заболување е помал.

Извесни несигурности

Многу тестови за антитела имаат специфичност односно прецизност од околу 99 проценти. Тоа можеби звучи доволно, но во оој случај е проблематично. Зашто, 99-процентна специфичност значи дека еден процент од позитивно тестираните луѓе можеби не е заразен со САРС-КоВ-2, туку со некој друг коронавирус. Германскиот виролог Кристијан Дростен на пример, во интервју за германскиот јавен сервис НДР користеше израз „вкрстена реакција".

Таа непрецизност на тестот има поголемо влијание во земји каде бројот на случаи на Ковид-19 е многу мал во однос на бројот на жители, отколку во земји во кои голем дел од населението веќе ја има преболено болеста.

Математички модели

Да претпоставиме таков тест да се користи во земја во која 50 проценти од населението е веќе заразено: од 50 луѓе чиј тест бил позитивен, само еден би бил погрешно дијагностициран. Меѓутоа ако е само едно лице од илјада навистина заразено, од десет позитивно тестирани, девет би биле погрешно дијагностицирани.

Во меѓувреме, некои производители веќе рекламираат тестови за антитела со специфичност од речиси 100 проценти.

Според американскиот универзитет Џонс Хопкинс, Русија на 26 мај 2020 имала нешто повеќе од 350.000 инфицирани. Со популација од околу 150 милиони луѓе, лошата прецизност на тестовите има и тоа колу големо значење.

Сепак, може да биде разумно да се тестираат што повеќе лица, за да се дознае колку луѓе се всушност заразени, зашто и тоа може да помогне за подобра проценка на процесот на инфекцијата во земјата.