1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку ќе му помогнат Сиријците на Путин во Украина?

БГ /АП
11 март 2022

Војната во Украина влезе во третата недела, а рускиот претседател Владимир Путин во петокот одобри и ангажман на доброволци од Блискиот исток, посебно од Сирија. Колку можат тие да бидат од помош?

https://p.dw.com/p/48Nny
Russland Moskau | Wladimir Putin während Videokonferenz
Фотографија: Mikhail Klimentyev/AP/picture alliance

Сирија има богат избор на борци. Руската армија е длабоко ангажирана во блискоисточната земја, каде нејзината интервенција која започна во 2015 година, му помогна на претседателот Башар Асад да го сопре востанието кое доведе до 11 годишна граѓанска војна. Но, многу помалку е јасно колку значајна и ефективна може да биде помошта од Сирија.

Во петокот, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу соопшти дека има „повеќе од 16.000 апликации“ од Блискиот исток, иако не кажа од која земја. Сириски опозициски активисти тврдат дека Русија неодамна започнала да регрутира борци за војната во Украина, но бројките, според тие извори, биле ниски. 

Богат избор на воини 

Во долгата и крвава војна во Сирија се појавија бројни воени фракции, милиции и платеници на сите страни на конфликтот. Во про-владините парамилитарни сили се вклучени и десетици илјади ткн. Национални сили за одбрана, членови на христијански милиции и воени дезертери кои имаат искуство во урбана и герила борба.
„Доколку е потребно, Русија може брзо да регрутира членови на овие групи за војната во Украина“, вели Дени Маки, аналитичар од Сирија. Во Сирија беа активни и илјадници членови на приватната руска воена компанија Вагнер Група. 

Syrien | Fatemiyoun Kämpfer an der Front bei Palmyra
Припадници на милиција во СиријаФотографија: Mikhail Voskresenskiy/Sputnik/dpa/picture alliance

„Со оглед на очајната сириска економија, нема да има недостаток на воено искусни мажи кои се подготвени да го ризикуваат животот за материјална корист“, вели Маки. 

Тоа нема да биде првпат сириски борци да бидат регрутирани во конфликти во странство. Турција исто така регрутираше борци од земјата за конфликтите во Азербејџан и Либија.

Регрутирањето е во тек

Информациите укажуваат дека регрутацијата на терен е започната, особено на териториите под контрола на сириската влада. Вагнер Групата наводно веќе неколку дена прави листи на борци во источната провинција Деир ел-Зур, тврди Омар Абу Лајла, сириски активист кој престојува во Европа. Досега, според него, се пријавиле повеќе десетици луѓе. Тој тврди дека Русија им нуди меѓу 200 и 300 долари за ангажман како обезбедување во Украина. Други сириски аналитичари велат дека досегашната регрутација е повеќе симболична. 
Ахмад ал-Ахмад, опозициски активист од северозападна Сирија вели дека Русите барале од командантите на сирискиот Петти корпус да им дадат списоци на млади луѓе кои би војувале во Сирија. Тој тврди дека во јужна Сирија досега се пријавиле околу 3.000 луѓе.

Syrien Russland Ukraine Konflikt Wandgemälde
Сиријци во бунтовничкиот регион Биниш со мурал и изразуваат поддршка на УкраинаФотографија: OMAR HAJ KADOUR/AFP via Getty Images

Што може да се очекува од овие борци? 

Искусните борци од Сирија немаат многу што да загубат. Но, и покрај децениското искуство со урбано војување, тие не стекнаа имиџ на способни борци. Во 2015, дури по интервенцијата на Русија, Хезболах и Иран, силите на Асад успеаја да го скршат отпорот на опозицијата. Но главите сили на терен ги сочинуваа странци, особено во битките со ткн. Исламска држава.

Сириските експерти велат дека е прашање и колку ќе бидат корисни борци од Блискиот исток во Украина, каде не го разбираат јазикот, ниту пак им е познат теренот, а владеат многу поинакви временски услови.
Аналитичарот Маки вели дека сепак, сириските борци ќе и бидат добредојдени на Русија.
„Со оглед на растечките загуби на Москва, Сиријците се атрактивни, евтини платеници за Русија“, вели тој.