1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Договорот Путин-Ердоган ја смири ситуација во Идлиб

СН/дв
6 март 2020

Со недели, последната поголемо упориште на бунтовниците во Сирија доживува нова бегалска драма. Новиот договор Москва-Анкара за прекин на огнот треба да стави крај на насилството. ЕУ го поздрави примирјето.

https://p.dw.com/p/3Yy6h
Moskau PK Erdogan - Putin zu Syrien
Фотографија: Reuters/Kremlin/M. Klimentyev

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеф Борел, го поздрави денеска договорот за запирање на огнот во Сирија како „знак на добра волја“ и апелираше да се дозволи пристап на хуманитарна помош.„Секако дека се радувам поради примирјето, тоа е добра вест. Во најмала рака тоа е знак на добра волја, а сега треба да видиме како ќе оди тоа“, изјави Борел пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Загреб.

Примирјето е предуслов за доставување на повеќе хуманитарна помош за населението во Идлиб, рече тој и оцени дека ЕУ треба да ги насочи своите напори кон хуманитарната страна.Борел вчера изјави оти ЕУ не може да се воспостави безбедносна зона во сириската област Идлиб, бидејќи „не е доволно силна за тоа“ и е поделена околу оваа иницијатива. Тој денеска рече дека е потребно да се поправат односите меѓу ЕУ со Турција и со Русија. „Има многу работи кои треба да ги поправиме и за кои треба да разговараме, затоа сме тука“, изјави Борел.

Joseph Borrell
Фотографија: Imago Images/Seeliger

Тензичен мир

Примирјето во Идлиб кое вчера го договорија претседателите на Турција и на Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, стапи на сила ноќеска на полноќ. Опозициските активисти и набљудувачите денеска јавуваат дека денеска нема руски и сириски воени авиони над Идлиб и оти ситуацијата е релативно мирна.

Повеќе:

-Путин ја разбуди изгубената љубов на Ердоган кон НАТО

-Турција контра Русија: натпревар за превласт во Сирија

-Ескалација во Идлиб: Се заканува ли нов бегалски бран?

Опозициските активисти и невладината организација која ја следи војната во Сирија јавија утрово оти во Идлиб владее релативен мир и дека нема руски и сириски воени авиони над областа по прогласеното примирје.

Во авионски напади во изминатите 3 месеци се убиени стотици луѓе, а милиони се упатија кон турската граница по нападите на сириската влада на последното упориште на бунтовниците, кои беа поддржани од Русија. Русија и Турција поддржуваат спротиставени страни во овој конфликт.Ситуацијата во северозападната провинција Идлиб се влоши откако Турција таму испрати илјадници војници.

Syrien Zerstörung von Wohngebieten und Infrastruktur in Idlib
Фотографија: AFP/O. H. Kadour

Клучни автопати

Во конфликтите животот го загубија 60 турски војници и многу повеќе сириски од почетокот на февруари. Изгледа дека руско-турскиот договор ѝ помогна на Русија да дојде до својата цел, да ѝ овозможи на Сирија да ја задржи контролата над автопатот југ-север, познат како М5, оценува агенцијата АП.

Сириските сили го зазедоа овој автопат во последната офанзива на Идлиб. Според договорот за прекин на огнот, во провинцијата Идлиб би се воспоставил безбедносен коридор околу автопатот исток-запад, познат како М4. На тој пат руските и турските сили би требало да започнат заеднички патроли од 15 март. Двата автопати, според претходен договор, требаше да бидат отворени пред крајот на 2018 година, но поради противење на екстремистите поврзани со Ал Каеда, овие сообраќајници останаа затворени. Повторното отворање на автопатот М4 ќе биде тест за руско-турскиот договор.