Вонреден самит за должничката криза?
12 јули 2011Еврокомесарот за монетарна политика Оли Рен засега не ја потврдува ваквата информација. Министрите за финансии на еврозоната вчера разговараа околу должничката криза, а во фокусот беше вториот пакет мерки за помош за високозадолжената Грција. Се разговараше и за мерките за спречување на прелевање на кризата врз други земји. Во моментов, особено несигурна е состојбата во Италија. За да ги отстрани сомневањата во кредитната способност на земјата, владата во Рим планира пакет мерки за штедење, тежок над 40 милијарди евра.
Според зборовите на италијанскиот премиер Силвио Берлускони, ова за земјата сигурно не е лесен момент, но, како што рече тој денеска во Рим, „сите политички сили се подготвени за одбрана на земјата“.
Автор: ЕМФ/ГЧ/ртр/афп
Редактор: Горан Чутаноски