1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И италијанската економија создава нервоза

11 јули 2011

Претседателот на Европската унија Херман ван Ромпој рано утринава се среќава со високи европски функционери поради стравувањата од ширење на должничката криза во Италија, третата економија по големина во регионот.

https://p.dw.com/p/11sqy
Фотографија: Fotolia/fotografiche.eu

На средбата ќе учествуваат претседателот на Европската централна банка Жан-Клод Трише, претседателот на еврогрупата Жан-Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот за монетарни прашања, Оли Рен. Ван Ромпој демантираше дека станува збор за кризна средба и тврди дека средбата е редовно среќавање, на кое се утврдуваат темите на неделата.

Во петокот се појавија нови стравувања дека Италија ќе биде следната која ќе биде погодена од должничката криза, откако каматите за 10-годишните италијански обврзници значително се зголемија. Според експертите, тоа може да има силен притисок врз финансиите на земјата, која е со еден од најголемите државни долгови во еврозоната во однос на БДП, по Грција.

Автор: ГЧ/ЕМФ/дв/миа

Редактор: Борис Георгиевски