КонфликтиУкраина
Украина тврди дека потопила руски воен брод
14 февруари 2024Реклама
Украинската армија соопшти дека го уништила рускиот воен брод „Цезар Куников“. Украинската тајна служба ХУР јавува дека бродот бил погоден и уништен во напад со поморски дронови од типот „Магура В5“. Украинскиот портал „Украинска правда“ објави повеќе видеа на кои се гледа чад и хеликоптери кои летаат над морето.
Од руска страна засега нема реакција на ваквите информации. Руското Министерство за одбрана изутринава извести само за шест украински дронови кои во текот на ноќта наводно биле успешно соборени над Црното Море.
Во декември, голем руски десантен брод беше погоден од украински крстосувачки ракети. Притоа загина најмалку едно лице.