1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоСоединети Американски Држави

Твитер: Контролата е целосно во рацете на Маск

ЕМФ / дв
1 ноември 2022

Илон Маск брзо ја обезбеди целосната контрола над онлајн платформата Твитер. Врвните менаџери беа отпуштени, Управниот одбор - распуштен, а Твитер тргнат од берзата. Сега Маск е „единствен директор“.

https://p.dw.com/p/4Iuc8
Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари
Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди долариФотографија: Nikolas Kokovlis/NurPhoto/IMAGO

Социјалната мрежа која има глобално значење е во рацете на еден човек - Илон Маскја презема целосната контрола над американската платформа Твитер. Со оглед на тоа што го трга Твитер од берзата, Маск веќе не мора да дава информации за развојот на бизнисот.

Шефот на компанијата за електромобили Тесла и најбогатиот човек во светот веќе ги отпушти врвниот менаџери во Твитер, а го распушти и Управниот одбор, најважното контролно тело. Илон Маск сега е „единствениот директор“ на онлајн платформата, стои во информација на Твитер испратена до Комисијата за хартии од вредност на САД.

Управниот одбор во американските концерни е мешавина од раководството на компанијата и надзорниот одбор. Задачите на телото вклучуваат, меѓу другото, избор, советување и контрола на врвниот менаџмент, како и носење фундаментални одлуки за насоката и развојот на компанијата.