1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Трамп и Бајден: Дедовци во битка за младите избирачи

Карла Блајкер
27 февруари 2024

Горка вистина е дека на претстојните претседателски избори во САД веројатно ќе се соочат двајца старци – Џозеф Бајден и Доналд Трамп. Каква улога играат нивните години и дали можат да ги придобијат младите гласачи?

https://p.dw.com/p/4ctsa
Доналд Трамп и Џозеф Бајден
Доналд Трамп и Џозеф Бајден

Ако сѐ остане како што тргнало, претседателската трка во САД во 2024 година ќе биде реприза на 2020:  Џозеф Бајден против Доналд Трамп.  Тоа значи дека бирачите на 5 ноември 2024 година ќе имаат избор меѓу 78-годишник (Трамп) и 81-годишник (Бајден). Оној од нив двајцата кој ќе биде инаугуриран на 20 јануари 2025 година ќе биде најстариот кој досега положил заклетва за  претседател на САД.

Просечна старост на претходните американски претседатели на инаугурацијата била 55 години, според Пју истражувачкиот центар. Без оглед дали ќе победи Бајден или Трамп, претседателот ќе биде или ќе влезе во осумдесетти години додека е на функцијата. Во меѓувреме, средна старост на американската популација е 38,9 години според Бирото за попис на население во САД.

Не е изнанедување што староста стана важен фактор на овие избори годинава.

„Постои објективна загриженост околу староста, тоа е сосема легитимно. Мислам дека за луѓето не треба да се суди само на основа на нивните години. Но, очигледно е дека што е некој постар, поголеми се шансите да има сериозни здравствени проблеми или да умре“, изјави за Дојче веле Лари Сабато, директор на Центарот за политика на Универзитетот Вирџинија.

Претседателот Бајден  во повеќе прилики ги помеша имињата на светски лидери и познати личности. Тој исто така изгледа уморно во текот на јавните настапи.

„Луѓето не се загрижени поради годините сами по себе. Но, Бајден едноставно одддава впечаток на старост, спорост, слабост“, вели либералниот колумнист и автор Езра Клајн во својот поткаст.

„Годините на Бајден се проблем“

Млади гласачи во разговор со Дојче веле исто така изразија загриженост поради годините на Бајден.

„Не сум стопроцентно убеден дека било кој од двајцата кандидати може во целост да ја извршува функцијата, но мислам дека Трамп има поголеми шанси. Понекогаш кога го гледам Бајден, чувствувам како тој воопшто да нема поим што се случува“, вели Зак (26) од средниот запад на САД.

Доналд Трамп, Ники Хејли
Доналд Трамп и бившата гувернерка на Јужна Каролина и амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли Фотографија: Jonathan Ernst/REUTERS

„Не се согласувам во целина со  политиката на Трамп и затоа годините на Бајден се проблем, зашто спореден со Трамп, тој изгледа многу послаб“, вели Џејмс кој живее во Њујорк.

„За жал, мислам дека Трамп веројатно подобро би ја вршел работата од Бајден. Но, ни едното ни другото не е идеално и Трамп не навестува на добро за САД“, вели 23-годишната жителка на Вашингтон, Ема Ленгел.

Помладите кандидати не успеаја да се пробијат

И Републиканците и Демократите во еден момент имаа помлади кандидати, но никој не можеше да ги замени партиските тешкаши.

Од републиканска страна, и гувернерот на Флорида Рон ДеСантис (45) и бившата гувернерка на Јужна Каролина и амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли (52) во 2023 година дури беа сметани за изгледни кандидати.

Од демократска страна, би било неочекувано било кој да ја оспори  кандидатурата на претседателот Бајден. На изборите во 2020 година се бореше со неколку помлади кандидати, вклучувајќи го и министерот за сообраќај Пит Бутиџиџ (42) и segaünata потпретседателка Камала Харис (59). Кога Харис прв пат беше претставена како потпретседателка на Бајден, многумина шпекулираа дека таа би можела да биде следната кандидатка за претседател. Но, Харис не успеа да го изостри својот профил во изминатите четири години.

Џо Бајден и Камала Харис
Џо Бајден и Камала Харис - многумина сметаа дека таа ќе биде следниот претседателски кандидат, но Харис не е многу омилена ни кај Демократите Фотографија: Jacquelyn Martin/AP Photo/picture alliance

„Уморна од стари политичари“

Староста не ги става кандидатите автоматски во понеповолна положба, ниту ги спречува да се поврзат со младите бирачи. Жив доказ е Берни Сандерс, сенаторот од Вермонт, кој со 82 години е популарен меѓу студентите, а посебно меѓу оние кои неодамна дипломирале.

Ема Ленгел исто така вели дека староста не е автоматски дисквалификувачки фактор за кандидатите, туку тоа е недостигot на акција поврзана со прашања кои се важни за младите Американци.

„Толку сум уморна од овие  стари политичари  кои немаат контакт со стварноста и се обидуваат да ни се умилкуваат, а на законодавен план не прават баш ништо за нас“, вели таа.

„И Трамп и Бајден можат да ми бидат дедо“

Постарите претседатели порано можеа да се поврзат со младите гласачи.

„Реган ја напушти функцијата речиси со 78 години. Знаете што покажа неговиот рејтинг? Младите силно го поддржуваа, ги потсетуваше на нивните дедовци“, вели Лари Сабато.

Во случајот со Реган, тоа изгледа бил плус. Денешните млади гласачи се поскептични кон Бајден и Трамп. 

„Мислам дека претставуваат некои од моите ставови, но доволно се стари да ми бидат дедовци. Колкумина од вас имаат исти ставови како и вашите дедовци“, вели Зек.

Трамп и Бајден младиот њуjорчанец Џејмс го потсетуваат на постарите членови на фамилијата и тоа на добар начин.

„Секој пат кога ги гледам како зборуваат, чувствувам како да го гледам својот дедо кога е загрижен за нешто. Морам само да климам со глава и да речам ‘сигурно', зашто чувствувам дека нема да има разбирање за никакво одбивање“, вели Џејмс