1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

Вооружен масакр со многу жртви во Мејн

СН/агенции
26 октомври 2023

Во напад со огнено оружје во Луистон, во американската сојузна држава Мејн загинаа голем број луѓе а десетици други се повредени. Според полицијата, осомничениот напаѓач сѐ уште е во бегство.

https://p.dw.com/p/4Y2U5
Припадник на полицијата во Луистон пред централната градска болница во која се пренесени голем број од ранетите во вооружениот напад
Припадник на полицијата во Луистон пред централната градска болница во која се пренесени голем број од ранетите во вооружениот нападФотографија: Steven Senne/AP Photo/picture alliance

Повеќе лица се убиени во масовен напад со огнено оружје во американската сојузна држава Мејн. Медиумите јавуваат и за голем број повредени. Полицијата сѐ уште не дава конкретен број на жртвите, ситуацијата и натаму нејасна, а податоците за бројот на загинати и повредени во моментов варираат во известувањата на медиумите. Телевизијата Си-Ен-Ен и Волстрит журнал пријавија 16 смртни случаи, а Ен-Би-Си најмалку 22. Членот на градскиот совет на Луистон, Роберт Мекарти, исто така, зборуваше за 22 убиени и „многу, многу повеќе повредени“.

Осомничениот е сѐ уште во бегство

Градот Луистон е дел од округот Андроскогин и се наоѓа околу 90 километри северно од Портланд, најголемиот град во Мејн. Според локалната полиција, сторителот пукал во луѓе на повеќе места. Според пишувањата на медиумите, тој наводно отворил оган во ресторан за скара и во рекреативен центар со куглани. 

Осомничениот е сѐ уште во бегство, а полицијата започна масовна потера и објави фотографии од осомничениот со полуавтоматско оружје и автомобилот кој, како што се наведува, го вози човекот. Сторителот бил „вооружен и опасен“. 

Полицајците го блокираат едно од местата на злосторството
Полицајците го блокираат едно од местата на злосторствотоФотографија: Steven Senne/AP Photo/picture alliance

Продавниците треба да не работат, а жителите да бидат на безбедно. Медиумите пренесоа дека осомничениот е 40-годишен воено обучен инструктор за огнено оружје.

Клиниките преоптоварени

Претставници на болницата во Луистон во соопштение говореа за „многубројни жртви“. Тие саботуваат со околните болници за да ги сместат сите повредени во масакрот. Советникот Мекарти предупреди дека градската клиника не е во состојба да се справува со вакви ситуации. „Тие прават сѐ што можат“, рече тој во интервју за Си-Ен-Ен.

„Тоа е едноставно нереално. Гледате такви нешта во вестите и си велите дека никогаш нема да се случат овде. И тогаш тоа се случуваат овде и е едноставно ве шокира“. изјави Мекарти.

Бајден информиран за масакрот

Белата куќа соопшти дека  претседател на САДЏо Бајден бил информиран за инцидентот и дека ќе продолжи да се ажурира. Тој разговарална телефон со гувернерката на Мејн, Џенет Милс, како и со членовите на Конгресот на сојузната држава, и понудил целосна поддршка од федералната влада по „ужасниот напад.“ Бајден вечерта во Белата Куќа приредуваше државен банкет за австралискиот премиер Ентони Албанес.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи