1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пендаровски бара забрана за влез на Џамбаски во земјата

ДТЗ
23 јануари 2023

Ваквиот чекор се презема поради бидејќи постојат сомневања дека дел од нив се поврзани со руската разунавачка служба, информираше претседателот по седницата на Советот за безбедност

https://p.dw.com/p/4MbQn
Стево Пендаровски
Пендаровски бара забрана за влез на Џамбаски во земјатаФотографија: Presidents Office of North Macedonia

Претседателот Стево Пендаровски предлага бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски да биде прогласен за персона нон грата во Северна Македонија. Одлуката ќе треба да ја донесат Владата, односно МНР, а освен Џамбаски, на листата на непожелни личности на кои би им бил забранет влезот во земјата би можеле да се најдат и други бугарски државјани, за кои постојат сомневања дека се поврзани со руската разузнавачка служба. Ваквиот чекор се презема во пресрет на најавите дека организирана група од Бугарија на 4 февруари ќе дојде во земјата за да присуствува на одбележувањето на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. 

Висок ризик

Групата, според Пендаровски, ќе има за цел нарушување на безбедноста со цел дестабилизација на земјата и на односите со Бугарија, поради што ќе бидат преземени сите потребни безбедносни мерки од границата, се до гробот на Гоце Делчев.

„Според достапните анализи и сознанија на надлежните органи се работи за организирани активности од стана на структури во соседна Бугарија кои се активирани особено по усвојувањето на европската преговарачката рамка во јули, минатата година. Истите овие структури, се веќе мобилизирани и логистички и финансиски за да го поддржат организираното доаѓање во Скопје на повеќе лица на 4 февруари кога го одбележуваме денот на раѓањето на Гоце Делчев. Според сите проценки, тоа ќе биде настан од висок безбедносен ризик и надлежните органи нема да бидат само неми набљудувачи на тоа што ќе се случува“, рече Пендаровски.

Претседателот вели дека на „вакви антидржавни кампањи кои ги спроведуваат политички партии и поединци“ може да се одговориме на два начини - со културна дипломатска реторика како досега и со мерки кои секоја сериозна и организирана држава ги презема во вакви случаи. „Мојот предлог до Владата е согласно одредбите на Законот за странци да му забранат влез во земјата на еден пратеник од Бугарија во Европскиот парламент и на неколку други лица државјани на Бугарија поради дејствија кои ги преземале порано и натаму ги преземаат против нашата држава“, изјави Пендаровски по седницата на Советот за безбедност во Вилата Водно.

Според него, станува збор за повеќе лица, но тој не би сакал да прејудицира кои се тие. Дел од лицата за кои Пендаровски побарал да им се забрани пристап во Северна Македонија веќе од претходно имале мерки и биле протерувани. Потсети дека изминатиот период на тројца државјани им бил откажан престој во земјата, а еден од нив е протеран и му е забрането враќањето во Македонија на подолг временски период. „Станува збор за сензитивни работи, за кои не можам да одам во детали“, вели претседателот.

Европратеникот Ангел Џамбаски е еден од бугарските политичари кој најмногу се    се „истакнува“ со провокативни изјави за Македонија и за Македонците
Европратеникот Ангел Џамбаски е еден од бугарските политичари кој најмногу се се „истакнува“ со провокативни изјави за Македонија и за МакедонцитеФотографија: Dwi Anoraganingrum/Geisler-Fotopress/picture alliance

Нема основа за ново вето

Претседателот смета дека нема основа за ново вето од страна на Бугарија поради последниот инцидент со претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“ во Охрид. „Не гледам основа за ново вето, се надевам нема да одат во таа насока“, вели Пендаровски. Претходно заменик-министерката за надворешни работи Велислава Петрова во студиото „Бугарија во живо“ порача дека „додека Бугарите во Македонија не бидат заштитени, Македонија нема да ги почне преговорите Европската Унија“. Во меѓувреме, Бугарија го повика на консултации во Софија и амбасадорот во Македонија Ангел Ангелов. Причината како што соопшти бугарското МНР е да се разговара за можностите за запирање на според нив, опасниот тренд на притисок врз Бугарите во земјата и понатамошниот развој на односите меѓу двете држави.

Коментирајќи на изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков кој деновиве рече дека „вели ‘не’ на враќањето на црни традиции кои историски се поврзуваат со Македонија - на палење, пукање, насилства, Пендаровски рече дека е „прилично грозна“.  „Таа изјава единствено може да е точна ако мисли за времето 1941-44 година“, вели претседателот, кој го повика бугарскиот технички министер да ја посети Ваташа, местото каде се стрелани 12 младинци.

Тој упати апел до Бугарија. „Изолирајте ги политички луѓето кои не сакаат добрососедски односи, ние тоа го правиме и ќе го правиме кај нас. Македонија не ви е непријател, меѓутоа, оваа држава има закони, има достоинство и кога тие граници ќе бидат преминати, ние секогаш ќе реагираме за да се заштитиме“, рече Пендаровски.