1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

ОН: Русија ја блокира резолуцијата за анексијата

ЖА / агенции
1 октомври 2022

Со употреба на вето, Русија во Советот за безбедност на ОН спречи осуда на својата анексија на четири украински региони.

https://p.dw.com/p/4HcRr
Руско вето во Советот за безбедност на ОН
Руско вето во Советот за безбедност на ОНФотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

Во Советот за безбедност на ОН, според очекувањата, со вето руската влада спречи донесување резолуција со која руската анексија на четири украински региони требаше да биде осудена како кршење на меѓународното право. За документот, чиј предлог во Њујорк го доставија САД и Албанија, а во кој се инсистираше и на итно руско повлекување од Украина, гласаа десет земји. Четири држави во највисокото тело на ОН беа воздржани: Кина, Индија, Бразил и Габун.

Рускиот амбасадор во ОН Васили Небенсја гласањето за резолуцијата го критикуваше како провокација и отворен непријателски чин. Се очекува предлог-резолуцијата во истата или слична форма во идните денови да биде ставена на гласање и пред Генералното собрание на ОН.

Анексијата спротивна на меѓународното право,  следеше по одржаните  монтирани референдуми,  непризнати од Западот и Украина, во четири украински региони, во кои според руски тврдења, огромно мнозинство од луѓето се изјасниле за припојување кон Русија. Извештаи сведочат за закани со насилство на изјаснувањата, на кои не биле обезбедени ни минимални стандарди на слободно и тајно гласање.

Германската министерка за надворешни работи Анален Бербок го осуди руското анектирање украински територии како „најгрубо кршење на Повелбата на ОН“. „Театарот со анексијата и  лажните референдуми“  се неуспешен обид да се прикрие „она што го доживуваме веќе половина година – крадење територија со брутална сила, со методи кои човек тешко може да си ги претстави, а ова не можеда го прифати ниедна земја во светот“, изјави Бербок. Според министерката, планот на рускиот претседател Владимир Путин е заземање на цела Украина, а неговата агресија покажува дека тој нема да се воздржува од напади и на други земји. За  руските закани со атомско оружје,  Бербок предупреди дека Западот треба да ги сфати сериозно, но да не дозволи да биде уценуван.