1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Лога со писма до Унгарија и Грција бара тројца бегалци

ДТЗ
27 март 2023

Министерот за правда Кренар Лога не се откажува од екстрадиција на експремиерот Никола Груевски од Унгарија и на бегалците во Грција - поранешните разузнавачи Никола Бошковски и Горан Грујевски.

https://p.dw.com/p/4PJEO
Кренар Лога
Министерот за правда не се откажува од екстрадиција на Никола Груевски, Никола Бошковски и Горан Грујевски. Фотографија: Reg. Nordmazedonien

Министерот за правда Кренар Лога не се откажува од екстрадиција на експремиерот Никола Груевски од Унгарија и на бегалците во Грција - поранешните разузнавачи Никола Бошковски и Горан Грујевски. Лога денеска порача дека е недозволиво европски држави како Грција и Унгарија да не помогнат во спроведувањето на законите и  истерување на правдата до крај. 

Во писмото што ќе биде испратено до Унгарија ќе се бара екстрадиција на Груевски за да му се суди за девет предмети, а ќе биде и наведено дека доколку биде екстрадиран во земјата, тој ќе биде сместен во „Хашките ќелии“ во затворот „Идризово“, кои ги исполнуваат меѓународните стандарди. Ако биде побарано од земјата да се исполнат и други обврски, Лога вели дека се подготвени и тоа да го исполнат. 

Никола Груевски
Во писмото што ќе биде испратено до Унгарија ќе се бара екстрадиција на Груевски за да му се суди за девет предметиФотографија: picture-alliance/AP Photo/Z. Mathe

Правна разврска 

Државата не се откажува ниту од барањето за екстрадиција на ексразузнавачите Горан Грујовски и Никола Бошкоски кои се обвинети во 2017 година за масовното прислушување на над 20 илјади граѓани.

„Ставот мој е кажан и со амбасадорката на Република Грција, уште еднаш да побараме од наша страна до нив тие да се екстрадираат за еднаш засекогаш да се добие соодветна правна разврска за нив и сите очекувања за правна држава да бидат остварени не само на хартија, туку и вистински“, изјави Лога.изјави Лога на средба со новинарите

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски побегна во Будимпешта во 2018 година, каде што доби политички азил. Во меѓувреме, во македонските судови се водат повеќе постапки против него за злоупотреби, а изречена му е и пресуда за предметот „Тенк“ од две години затвор за набавката на луксузен мерцедес.  

Унгарија и Грција на потег 

Судот во Унгарија неколкупати го одби барањето за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски кое го поднесе македонското Министерство за правда. Причината е одобрениот азил во ноември 2018 година. Груевски пред надлежните во Унгарија тврдел дека животот му е загрозен и дека е цел на политички прогон. 

Горан Грујевски  Никола Бошковски
Грујевски и Бошковски, пак, побегнаа во Грција, каде беа уапсени.Фотографија: Reuters/A. Avramidis

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, во декември 2021 година во Скопје се огради околу екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој веќе неколку години најде засолниште во Будимпешта. Според Сијарто, станува збор за правно прашање за кое е задолжен судскиот систем.

Грујевски и Бошковски, пак, побегнаа во Грција, каде беа уапсени.  Грчкиот Врховен суд го одби барањето за нивна екстрадиција, бидејќи тврделе дека се политички прогонувани.  Двајцата со првостепени пресуди беа осудени на долгогодишни затворски казни во случаите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“, кои кон крајот на минатата година беа укинати од Апелацискиот суд во Скопје и беа вратени на повторно судење. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Европски знамиња до ѕид во Брисел на кој што пишува: „Иднината е Европа“
Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница