1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Конфликт меѓу САД и Иран: Тензиите повторно се заоструваат

СН/агенции | АРД
5 мај 2026

САД сакаат да придружуваат бродови во Персискиот Залив и да ја прекинат блокадата на Ормускиот теснец. Иран се заканува со напади и ги таргетира земјите од Заливот. И покрај примирјето, ситуацијата повторно се влошува

https://p.dw.com/p/5DHJN
Два товарни брода на отворено море
Преговорите досега не успеаја да постигнат пробив, а Ормускиот теснец останува затворенФотографија: Amirhosein Khorgooi/ISNA/WANA/REUTERS

Во конфликтот меѓу Иран и САД формално во сила е примирје. Меѓутоа, долготрајната блокада на Ормускиот теснец од страна на Иран, кој е клучен за светската трговија, доведува до повторно заострување на тензиите - вклучувајќи закани и употреба на воени бродови. Дури и земјите од Персискиот Залив повторно пријавуваат напади.

Во неделата, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе започне со ослободување на бродовите кои се заглавени во Персискиот Залив и не можат да поминат низ Ормускиот теснец поради иранската блокада. Во понеделникот, Регионалната команда на вооружените сили на САД во Персискиот Залив објави дека два воени брода поминале низ теснецот. Овие два разурнувачи сега се наоѓаат во Персискиот Залив.

Исто така, два трговски брода под американско знаме поминале низ Ормускиот теснец. „Американските сили активно ги поддржуваат напорите за повторно воспоставување на преминот за комерцијален сообраќај“, се вели во соопштението. 

Иранската револуционерна гарда негираше дека трговски бродови поминале низ теснецот. Иранската државна телевизија, исто така, објави дека морнарицата испукала предупредувачки истрели во близина на американските разурнувачи. Полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс објави дека две ракети погодиле брод на јужниот влез во Теснецот. САД го негираа тоа.

Сведоштво на бродски капетан заглавен кај Ормускиот Теснец

Иран напаѓа нафтени постројки во Емиратите

По обидот на американската морнарица да ја пробие иранската блокада во Ормускиот теснец, имаше сериозни напади за прв пат од почетокот на прекинот на огнот. Голем пожар избувна во индустриската зона на пристанишниот град Фуџаира во Обединетите Арапски Емирати. Според Министерството за одбрана на Емиратите, Иран нападнал неколку локации во државата со четири крстосувачки ракети. Оман пријави напад врз станбена зграда.

Јужна Кореја пријави експлозија на еден од нејзините трговски бродови. Британската поморска агенција УКМТО регистрираше удари врз два брода пред брегот на Емиратите. Локалната нафтена компанија АДНОК го потврди нападот со дрон врз празен танкер.

Вооружените сили на Иран подоцна го бранеа нападот врз нафтените постројки во Обединетите Арапски Емирати. Тоа е, според неименуван воен функционер на државното иранско радио, „резултат на авантуризмот на американската војска“.

Од друга страна, САД јавија дека уништиле неколку мали бродови на Исламската Република. Трамп напиша на својата платформа Трут соушал дека имало седум бродови, додека командантот на надлежната регионална команда, адмирал Бред Купер, пријави шест потонати бродови. Тие мали бродови „го загрозувале трговскиот сообраќај“ и биле цел на хеликоптерите на американските сили. Техеран негираше дека иранските чамци биле потопени. 

Трамп му се заканува на Иран со уништување

Американскиот претседател Трамп му се закани на Иран со уништување во случај на напад врз американски бродови. Иран ќе биде „избришан од лицето на Земјата“ ако нападне бродови што учествуваат во новата американска иницијатива за отворање на Ормускиот теснец, објави Фокс њуз по интервјуто со Трамп.
Според американскиот командант Купер, во моментов во Персискиот Залив има бродови од 87 различни земји. Станува збор за „неутрални и невини трети страни“. Во изминатите дванаесет часа, САД контактирале десетици бродови и бродски компании за да го поттикнат сообраќајот низ овој теснец, кој е клучен за светската трговија.