1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ханука - празник на светлината во темно доба

8 декември 2023

Евреите ширум светот празнуваат, а светлината им дава нова надеж на семејствата на киднапираните на 7 октомври. Но, Ханука не спречи нови антисемитски напади во Германија.

https://p.dw.com/p/4ZwQn
Ханука
Ханука во темни времиња - Ханука пред Бранденбуршката портаФотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

Првото светло на свеќникот ханукија, како што се нарекува ритуалниот свеќник со осум или девет гранки, се пали на првиот ден од празникот Ханука, кој годинава започнува на 7-ми, а завршува на 15-ти декември. Во многу еврејски домови во дијаспората, започна прослава која потсетува на повторното заземање на еврејскиот храм во Ерусалим во 164 п.н.е. и на „чудото на светлината“ што следеше. 

Традиција 

Според традицијата, Евреите кои повторно го зазеле храмот од Грците, не пронашле уништен ритуален свеќник, туку само бокал со масло за светлина. Маслото од таа тегла чудесно горело осум дена, поради што празникот Ханука трае толку долго. За време на Ханука, по една свеќа се пали секој ден по стемнување. Некои свеќници имаат осум гранки за секој ден и една дополнителна за свеќата што се користи за палење на другите свеќи.

Во тие денови, семејствата јадат специјалитети кои се пржат во масло, особено латки, еден вид палачинка од компир или специјални видови крофни наречени суфганиот. Децата сакаат да си играат со посебна играчка, дреидел. 

Празник на темнината 

Но, на многу Евреи не им е до славење годинава. Терористичките напади на Хамас од 7 октомври го одбележуваат овој празник во многу семејства во Израел и ширум светот. На плоштадот пред Музејот на уметност во Тел Авив, кој оттогаш го носи името „Плоштад на заложниците“, и на првата ноќ на Ханука, се собраа членовите на семејствата на заложниците кои беа киднапирани од терористите на Хамас пред еден месец. И тука стои една голема Ханука.

Членовите на семејствата на киднапираните бараат од израелската влада да вложи напори за ослободување на преостанатите заложници. На транспарентите пишува „Ахшав“ – „Веднаш“. „Оваа година Ханука е фестивал на темнината, а не на светлината за нас. Затоа што тие (заложниците) престојуваат во еден од тунелите во Појасот Газа во мрак“, изјави еден од демонстрантите за германскиот јавен сервис АРД. 

Олаф Шолц антисемитизам
Симбол против антисемитизмот - канцеларот Олаф Шолц на почетокот на ХанукаФотографија: Sebastian Gollnow/dpa/picture alliance

Напади и на Ханука 

Овогодинешната Ханука во Германија ја одбележа и конфликтот во Израел. Германскиот канцелар Олаф Шолц, како прв канцелар, ја запали првата свеќа на ханукија поставена до Бранденбуршката порта, симболизирајќи ја на тој начин солидарноста со еврејската заедница во Германија, која од терористичките напади и масакрот од страна на Хамас е изложена на бран на антисемитизам во Германија, кој не е поддржан само од радикалните десничарски, туку и од левичарските сили, како и од имигрантите од арапските земји. За прв пат по националсоцијализмот, Давидовите ѕвезди се појавија на куќите во кои живеат Евреи и се фрлаат молотови коктели по синагогите.

За првиот доказ за порастот на антисемитизмот за време на Ханука не мораше да се чека долго: веќе во петокот наутро непознати сторители ја демолираа и оштетија Ханука во берлинскиот кварт Шарлотенбург.