1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сиљановска-Давкова: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат

29 октомври 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот.

https://p.dw.com/p/52mcT
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова
Гордана Сиљановска-Давкова во Париз: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктатФотографија: Presidential office Nort Macedonia

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот. Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог, потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог.

Регионалната соработка е многу важна

„Регионалната соработка за мене е неверојатно важна. Не може да избегаме од регионот, тој ни е судбина, ова важи не само за нас кои се уште чекаме да станеме кандидати или да ги завршат некои држави преговорите со ЕУ, но и за оние коишто веќе се во ЕУ, а припаѓаат на нашиот регион“, рече Сиљановска-Давкова по завршувањето на сесијата.

На сесијата претседателаката зборуваше и за безбедносната состојба во Европа поради која „не смееме да бидеме оставени во геополитички вакуум и го реафирмираше ставот дека проширувањето на Унијата е безбедносно, а не само прашање на проширување.

„Она што е чудно е што во 2019 година беа сменети правилата на играта среде игра, што е невообичаено ни за спортски натпревари, ниту пак во политички преговори, бидејќи беше воведена нова методологија“, истакна Сиљановска-Давкова.

Според неа, од интерес за регионалната стабилност, регионалната демократија, но и за Европската Унија е да гледа на регионот како на систем на врзани садови и да направи храбар чекор како оној во 2004 година, односно да покаже иновативност во креирањето на конечни решенија за т.н. Западен Балкан, како неразделен дел од Европа.