1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

„Гласот на Америка“ повторно може да емитува

ЕМФ | агенции
18 март 2026

Федерален судија наложи повторно активирање на Гласот на Америка по едногодишна пауза, како и враќање на работа на над 1000 вработени.

https://p.dw.com/p/5AbFc
САД Вашингтон 2025 | Зграда на Гласот на Америка
На работа треба да се вратат над 1000 вработени во ВОА кои се на платен административен одмор од минатата годинаФотографија: Annabelle Gordon/Sipa USA/picture alliance

Правен удар за администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп: радиодифузерот „Гласот на Америка“ (ВОА) ќе продолжи со емитување по едногодишна пауза. Федерален судија пресуди дека лидерската улога на советничката на Трамп, Кари Лејк, во Агенцијата на САД за глобални медиуми (УСАГМ), била незаконска минатата година.

Со оваа пресуда, судијата Ројс Ламберт поништи низа одлуки на Лејк во Агенцијата на САД за глобални медиуми, вклучително и масовното отпуштање од работа и затворање на многу оддели на Гласот на Америка. Сега американската влада треба да врати на работа над 1000 вработени кои се на платен административен одмор од минатата година.

Агенцијата на САД за глобални медиуми го надгледува ВОА и други радиодифузери како што е Радио Слободна Азија и распределува федерални финансии за нивното работење. Целта на ваквите радиодифузери е да допрат до луѓето во земји без или со само ограничена слобода на медиумите. Овие радиодифузери имаат уредувачки правила кои треба да ја заштитат нивната новинарска независност и покрај нивното финансирање од страна на американската влада. Тоа е причина за негодување во таборот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој долго време води кампања против медиумите кои се критички настроени кон него.