1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
New York | Donald Trump kommt im Trump Tower an
Фотографија: David Dee Delgado/REUTERS
ПолитикаСоединети Американски Држави

Америка и натаму нагаѓа зошто ФБИ влезе кај Трамп

Лена Штадлер (АРД)
10 август 2022

Откако ФБИ изврши претрес во домот на поранешниот американски претседател Трамп во Флорида, многу прашања остануваат неодговорени. Постојат различни претпоставки за тоа како дошло до оваа невообичаена постапка.

https://p.dw.com/p/4FLin

Едно деноноќие по претресот на имотот на Доналд Трамп, Мар-А-Лаго, во Палм Бич, Флорида, јавноста сè уште шпекулира зошто ФБИ го презеде овој невообичаен и, според некои, драстичен чекор. „Што мислиме, што бараа?“, се прашува не само модераторот на јавниот сервис ПБС.

ФБИ и Министерството за правда молчат

Прашањето сè уште не е одговорено. Затоа што тие што можат да одговорат, имено ФБИ и американското Министерство за правда, молчат, што пак лути голем број политичари. Ејса Хачинсон е републикански гувернер на американската сојузна држава Арканзас. Во изјава за ПБС тој повикува на појаснување.

„Мора да објаснат што се случува. И тоа итно. Демократите и републиканците чекаат коментар од Министерството за правда со објаснување што точно се случува.“

Она што досега е познато се врти постојано во американските медиуми: ФБИ во понеделникот зеде 12 кутии од имотот на Трамп, што сега е потврдено и од страна на адвокат на Трамп. Внатре најверојатно има документи од неговиот мандат како претседател. Меѓу нив можеби има  и доверливи документи.

Florida | FBI-Durchsuchung bei Trump
ФБИ изврши претрес на имотот на Трамп на 8.08.2022Фотографија: Terry Renna/AP/picture alliance

Што има во документите?

Трамп, всушност, веќе не би требало да има документи од неговото време како претседател. Затоа што сè што еден претседател собрал во пишани документи за време на својот претседателски мандат, мора да биде предадено на Националниот архив по завршувањето на мандатот. Значи, дали ФБИ само го враќа она што му припаѓа на Националниот архив? Или се работи за нешто повеќе? Многумина се прашуваат дали кутиите можеби содржат документи кои би можеле да го товарат Трамп за вмешаност во врска со упадот во Капитол на 6 јануари минатата година.

Демократката Зои Лофгрен е членка на комисијата на Конгресот која ги истражува настаните од 6-ти јануари. На телевизијата Си-Ен-Ен, таа одговори со негација на прашањето дали комисијата проследила до Министерството за правда информации за можни тајни документи поврзани со 6 јануари.

„Мислам дека немаме многу информации за доверливи документи. Нашиот фокус е на настаните што доведоа до 6-ти јануари и она што следеше. Ако украл документи, тоа не е надлежност на нашата комисија. Мислам дека тоа се паралелни истраги“.

New York | Demonstranten stehen vor dem Trump Tower
Демонстрации пред Трамп Тауер во Њујорк, 9.08.2022Фотографија: Seth Wenig/AP/picture alliance

Дали рацијата им штети на амбициите на Трамп?

Второто големо прашање кое си го поставуваат сите во САД е дали рацијата на ФБИ ќе има некакво влијание врз амбициите на Трамп повторно да стане претседател во 2024 година?

Веројатно да, тоа дури може да го забрза објавувањето на Трамп на неговата кандидатура, смета гувернерот на Арканзас, републиканецот Ејса Хачинсон:

„Ако Министерството за правда не даде објаснување, тогаш тоа ќе долее масло на огнот на оние кои велат дека Трамп е следен, шиканиран и тие ќе го бранат. И тоа многу добро би можело да го мотивира повторно да се кандидира.“

На Трамп би можело да му биде забрането вршење јавна функција

Синот на Трамп, Ерик и други републиканци, исто така навестија дека за да се врати редот во земјата ќе биде потребен претседател како Трамп, укажувајќи со тоа на негова можна кандидатура.

Но, ако Трамп навистина сокрил доверливи документи, тогаш тоа значи прекршување на важечките американски закони и тој би можел да биде обвинет - и да добие забрана за вршење на какаква било јавна функција во САД. Но, сè додека Министерството за правда или ФБИ не коментираат, и големите прашањата остануваат необјаснети, сето тоа останува чиста шпекулација.

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Bilderchronik des Krieges in der Ukraine | Bulgarien - Protest

Има ли руски зачин во македонско - бугарската чорба?

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница