1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сурогат-баби

Јури Решето
13 јули 2019

Специјален дом за нега во Русија се грижи за стари лица и за деца со попреченост. Место кое постојано потсетува дека во руското општество е потребна поголема толеранција.

https://p.dw.com/p/3Lxub
Still aus Fokus Europa -Russland Heim
Фотографија: DW

„Целото мое семејство загина во автомобилска несреќа во 1993 година. Речиси полудев. Не сакав да веќе да живеам. Сакав да бев загината со моето семејство“, вели Светлана Громова. Таа повторно нашла желба за живот во домот во Старобешево. 

Овде, повеќе од 30 деца со попреченост и околу 120 стари лица живеат заедно. Светлана е сурогат-баба за децата.

„Ова е моето семејство. Сега го имам ова семејство.“

Во руското општество лицата со попреченост често се соочуваат со дискриминација. Во овој дом, пензионерите им пружаат наклонетост:

„Кога ќе ги видам децата, ги заборавам сите свои проблеми. Тие исчезнуваат и гледам само добри нешта“, вели Светлана.

Сурогат-баби