Џонсон бара од ЕУ измена на договорот за Брегзит | Свет | DW | 20.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Џонсон бара од ЕУ измена на договорот за Брегзит

Идната граница меѓу Северна Ирска и Република Ирска останува главен камен на сопнување во обидот на Лондон да го заокружи Брегзит. Премиерот Џонсон инсистира дека границата меѓу двете земји не смее да остане отворена

Британскиот премиер Борис Џонсон со писмо го информираше претседателот на Европскиот совет Доналд Туск дека не може да го прифати решението за отворена граница (бекстоп) меѓу Република Ирска и Северна Ирска кое беше испреговарано со договорот за Брегзит меѓу неговата претходничка Тереза Меј и ЕУ.
Во писмото, Џонсон бара исклучување на контроверзното правило за Ирска, со кое се оневозможува цврста граница меѓу Обединетото Кралство (ОК) и Ирска, затоа што, според него, со тоа неговата земја се приврзува кон ЕУ дури и по Брегзит.

Британскиот лидер смета дека решението е „анти-демократско“ и „неконзистентно со сувереноста на ОК“.
„Предлагам решението да биде заменето со обврска да се постигне договор пред крајот на периодот на транзиција, како дел од нашите идни односи“, пишува Џонсон.
Писмото е испратено помалку од 48 часа пред неговата средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Од канцеларијата на Туск одбија да ја коментираат содржината на писмото.

„Бекстоп“ решението е гаранција дека границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска ќе остане отворена како и досега.

Враќањето на граничните контроли може повторно да ги разгори децениските конфликти меѓу католиците кои бараат обединета Ирска, и протестантите кои се залагаат за поблиски односи со ОК. Џонсон, пак, во писмото исто така предупредува дека оставањето на отворена граница може да го разгори конфликтот.

Со одржувањето на отворената граница, ОК де-факто ќе остане дел од царинската унија на ЕУ.

Брисел првично предлагаше решението да ја опфати само Северна Ирска, без останатиот дел од Обединетото Кралство, но британската премиерка го одби тоа, и инсистираше истото да важи за целата држава.

ЕУ досега инсистираше дека договорот за Брегзит не може да се менува, а истото го вели и канцеларката Меркел.
Во писмото, Џонсон ветува и дека доколку ЕУ се согласи на измена на решението, британскиот парламент експресно ќе го изласа договорот за Брегзит, пред крајниот рок на 31 октомври.

 

DW.COM

Реклама