Јункер: Влезот во ЕУ до 2025 е можен за сите балкански земји | Свет | DW | 26.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јункер: Влезот во ЕУ до 2025 е можен за сите балкански земји

Шефот на Европската комисија, Жан Клод Јункер им порача на западнобалкански земји дека 2025 година е датум до кој секоја од нив има шанси да влезе во ЕУ, доколку ги исполни критериумите за членство

За време на посетата на Албанија, Јункер рече дека нема фаворити во трката за влез во ЕУ.
„Спротивно на она што го читам насекаде, Комисијата или јас не рековме дека Србија и Црна Гора ќе станат членки до 2025 година. Овој датум е отворен за сите земји кандидати“, рече Јункер во Тирана.

„Доколку некоја земја кандидат до тогаш, подоцна, или порано ги исполни сите критериуми за членство, ние ќе продолжиме на тој начин што ќе ги признаеме тие напори во ЕУ“.
Србија и Црна Гора засега се најнапред во обидот да станат членки на ЕУ. Двете земји веќе ги започнаа преговорите и отворија неколку поглавја, иако само неколку се затворени.
Според најавите од Брисел, Албанија и Македонија ќе добијат зелено светло за почеток на преговорите во јуни годинава.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

DW.COM