1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тешки експлозии по руски ракетен напад врз Лвов на крајот на март
Тешки експлозии по руски ракетен напад врз Лвов на крајот на мартФотографија: REUTERS
Конфликти

Што по војната и евентуално Путин

Ивор Мицковски
1 април 2022

Можеби е мудро што Западот или коалицијата на земји блиски до Украина веќе почнуваат да размислуваат за сценарија по војната и за тоа како би изгледал новиот меѓународен поредок. Пишува Ивор Мицковски.

https://p.dw.com/p/49JXj

Време е да се размислува - што по војната? Можностите за крај на конфликтот не делуваат иминентни, но не личат ни недостижни. Сепак, се уште не знаеме дали војната во Украина може да се пролонгира и претвори во нешто уште пострашно.

Затоа, можеби е мудро што Западот или коалицијата на земји блиски до Украина веќе почнуваат да размислуваат за сценарија после војната и за тоа како би изгледал новиот меѓународен поредок. Прашањето кое се наметнува е дали Западот ги има научено тешките историски лекции за тоа како треба да се постапи со поразениот? Дали да се инвестира само во санкции и изолација или пак во санација и економска помош за една можеби пост-путиновска Русија?

Неколку поуки од историјата можат да ни дадат добри насоки. Прото генезата на модерните европски конфликти лежи во пруско-француската војна, по која обединета Германија ја понижува Франција и ја ампутира од Алсација-Лорена, што потоа го покренува францускиот реваншизам во Првата светска војна.

Вториот пример е можеби највалиден. Договорот од Версај е најголемата историска грешка со која победниците од Првата светска војна, поставија толку тешки услови за мир и толку сериозни репарации врз поразените, што го поттикнаа подемот на националсоцијализмот и Хитлер и индиректно беа причина за Втората светска војна. Географските ампутации кои настанаа со распадот на Вториот Рајх, Австро-Унгарија и Отоманската империја, создадоа непријателства, реваншизми, носталгии и алчност за територии, кои до ден денес го потресуваат голем дел од Источна и Централна Европа, како и Балканот, Блискиот Исток и Кавказот. 

Ивор Мицковски, автор на колумната
Ивор Мицковски, автор на колумнатаФотографија: Privat

Делуваше дека таа лекција е научена после Втората светска војна, кога Сојузниците пронајдоа сила и мудрост поразените земји од Оската да ги интегрираат и вкоренат во западната демократијата, наместо само да им се осветат. Сега се наметнува истото прашање: што ќе направи победничката страна откако ќе заврши војната која Русија ја започна со нападот врз Украина? Дали победничката страна повторно ќе биде подготвена финансиски и политички да ја помогне една Русија без Путин или пак дали тоа воопшто ќе биде возможно доколку на власт останат актуелните лидери на завојуваните страни?

Повеќе од авторот: На Запад, од ништо - нешто ново

Постои и една трета грешка која Западот и НАТО сојузниците никако не смеат да ја повторат. Тоа е заблудата од „крајот на историјата“, поттикната од распадот на СССР и бегството на поранешните републики и сателити кон западниот систем и организации. Америка и НАТО сојузниците тогаш помислија дека победиле во Студената војна, кога во реалност победија само поради откажување и распад на противникот. Тогаш се погреши што се веруваше дека и една редимензионирана Русија, од светска во регионална сила, нема да се повика на својата империјална историја и природа, и дека замрзнатите конфликти во Украина и Грузија нема да испливаат на површина.

Западот не е крив што поранешните советски републики или сателити се истрчаа побрзо да се интегрираат во НАТО и ЕУ, на крај на денот, што требаше една хегемонистичка сила да направи кога земјите сами се нудат? Да ги остави под руско влијание и присила?! Проблемот е во начинот како тоа нивно бегство од Русија и влез во Западот беше спроведен. Целиот процес беше спроведен на слепо, неградуално, еуфористички - напуштајќи ги постепените чекори на инструментите како „Партнерство за мир" - транзицијата беше спроведена политички или подобро кажано, политикантски изведена, не мислејќи на последиците и на туѓата повредена гордост. Таа навреда и тоа понижување на Русија низ целите 90-ти и 2000-ти години, се основата за оваа нивна денешна промашена и воинствена авантура.

Сега, која е реалната состојба после руската агресија? НАТО е поблиску од кога и да било порано до границите на Русија. Повеќе војска, повеќе пари и се повеќе наоружување ќе се билдаат на линијата која ги дели НАТО-Русија. Второ, степенот на интеграција помеѓу НАТО членките или САД и ЕУ, дали на воено, економско, енергетско, развојно и секое друго поле само ќе расте. Заедно со растечката интеграција, ќе следува и растечка изолација на Владимир Путин и неговата номенклатура. Се ова не наведува на заклучок дека Западот ќе одбере да игра тврдо, односно, дека ќе ја одбере стратегијата на „resolute restrain“, што значи агресивно блокирање и изолирање на Москва и Кремљ се додека Путин остане на власт.

Повеќе од авторот: Судирот на Путин со историјата

Ова повлекува три клучни предизвици кои немаат лесно решение. Првиот е како да се избегне грешката од помешување на автократијата на Путин со цела Русија. Тоа би било корисно и со цел да се изнајдат потенцијално алтернативни лидери и да не се повтори грешката со Елцин, кога Западот немаше ништо против ослабнување на либералните гласови во Русија, што пак доведе до подемот на Путин. Конечно, никој не посакува пад на Путин по кој би настанал тотален политичко-економски хаос во земја која има 6000 илјади нуклеарни ракети.

Вториот е како да се спречи ескалација на конфликтот или покренување на нови „прокси“ војни од страна на Путин во земји како Сирија, Либија, Сахелот или Централна Африка, каде Русија веќе има сериозно или доминантно воено присуство и политичко влијание. Во тоа влегува и предизвикувањето бегалски кризи и зајакнувањето на руските продори и хибридни војни на Балканот, делови од Источна Европа или Кавказот. Третиот проблем е како да се раководат односите со Кина, која иако се држи на дистанца од конфликтот во Украина, сепак води сериозна пропагандна војна против Западот и работи на создавање на антизападна коалиција во Африка и Азија, која ја вклучува и Индија, односно, сите оние кои се воздржаа од осуда на руската агресија. Вистинската опасност е да се создаде една авторитарна и антизападна коалиција која би се спротивставила на демократскиот свет, така отварајќи уште поголем проблем од оној со Русија.

Таквите сценарија ќе биде најдобро ако се пресретнат со тврди позиции или црвени линии околу одредени демократски, геополитички и економски вредности и интереси, но во исто време да се отвори простор за вистински преговори и за храбра пост-воена стратегија која би вклучувала и план за спасување на руската економија од автархичните и империјални нагони на Путин. Треба да се размисли и за еден вид на Маршалов план за Русија, како што предлага европратеникот Бернард Гета. 

Постои и уште еден битен аспект, а тоа е Западот, поточно Америка, малку да се сврти и кон себе и кон оживување и зајакнување на меѓународните институции кои ги има создадено. Америка на домашен план веќе започна еден вид на нов „New Deal", кој има потенцијал да ја потсмири политичката поларизација и поделеност во САД. Сега е време да се свртат на меѓународен план, кон добрите лекции од пост-воената историја.

Повеќе од авторот: Путин ја добива битката, но најверојатно ќе ја загуби војната!

Иронично, иако Америка го предводеше создавањето на главните меѓународни институции од Бретон Вудс, Вашингтон ретко се обраќа кон нивната практичка употреба и премалку време посветува на нивното обновување. Потребно е итно зајакнување на Светската Банка, ММФ и СТО, но овој пат на подинамични и поадаптибилни основи, каде сите поголеми сили, а пред се САД и Кина, ќе пронајдат практични решенија за нивните заеднички или преплетувачки интереси.

Наместо пост-воениот период да се фокусира на освети и санкции, кои притоа неминовно ќе не доведат до некој поголем конфликт или Трета светска војна, многу поважно е да се покренат механизми кои би поттикнале предуслови за создавање на политичко, економско и финансиско заздравување на сите завојувани страни. Украина веќе е сериозно разрушена, Русија секој ден е се повеќе оштетена од санкциите, а да не збориме дека заради санкциите штети трпат и оние кои ги наметнуваат, па дури и една Кина која делумно се држи на страна. 

Русите во очајна потрага по странски валути

Тоа би било далеку полесно и подобро, отколку ако се избере патот, преку оваа војна да се сруши постоечкиот меѓународен економски систем и светски поредок. Конечно, се уште сите големи држави, профитираат и напредуваат благодарение на постоечките правила на игра, кои доколку бидат нагло напуштени или потајно непочитувани, сите ќе излезат како губитници.

Повеќе од авторот: Владетелот мора да биде здрав

Економијата е битна, но таа не е се. Во преговорите кои ќе следуваат со Русија - а истото важи и за Кина – противниците ќе мора да бидат потсетени и на одредени меѓународни норми и правила. Тоа е дека границите на европските држави, како и сите останати, мора да бидат неповредливи, или променливи само преку договор помеѓу засегнатите страни. Судбината на оспорените или анектирани територии ќе се одлучува само преку преговори или референдум. На ниедна земја не смее да и биде забранет влезот во воен сојуз, а секоја таква земја на своите соседи ќе им обезбеди гаранции за ненапаѓање и немешање во внатрешните работи, почитувајќи ги нивните безбедносни интереси.

Европа е таа која на тоа поле треба да ги направи најголемите напори. Западот треба заеднички да изнајде форми и механизми, преку преговори и зајакнати меѓународни институции, како ќе ја врати Русија во заедничката историја и иднина на Европа, од која насилно беше исфрлена после Првата светска војна како непоканета во Версај.

За тоа не е потребна нова Јалта, доволно е да се возобнови Хелсиншкиот договор.

 

Ivor Mickovski
Ивор Мицковски Политички аналитичар и советник, колумнист и новинар специјализиран за надворешно-политички прашања.@nezenzabar
Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Апасиев, лидер на Левица

Колку многу агенти

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница