Што всушност сакаше Трамп со Ерусалим? | Свет | DW | 16.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Што всушност сакаше Трамп со Ерусалим?

Лажната стабилност меѓу Израел и Палестинците заврши, Хамас повика на нова Интифада по одлуката Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел. Многумина се прашуваат: зошто му требаше сето тоа на Трамп?

Сѐ поголем и пошаренолик е хорот критичари на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел и таму од Тел Авив да ја премести амбасадата на САД. Главните партнери како, Германија, Франција и Велика Британија ја критикуваат одлуката, арапскиот свет- и шиитите и сунитите во Иран се согласуваат- зборува за погребување на мировниот процес.

Не е подобро ни во САД: одделни медиуми потсетуваат на анкетите според кои меѓу 70 и 80 отсто од припадниците на големата и влијателна еврејска заедница во САД се против признавањето на Ерусалим во овој момент. Весникот Њујорк тајмс праша 11 поранешни американски амбасадори во Израел- кои биле поставени како од демократска и така и од републиканска администрација- и деветмина се изјаснија против одлуката на Трамп.

Повеќе на темата:

-Ерусалим: Луѓето ќе страдаат од празните зборови на Трамп

-„Трамп не знае што прави"

-Трамп долева масло на огнот

Поради тоа е логично прашањето: зошто администрацијата на Трамп го прекрши децениското табу кога, на прв поглед, со тоа нема ништо да добие освен остри критики и конфликти на Блискиот Исток?

За домашната публика

„Многу едноставно- тоа е потег насочен кон неговата евангелистичко-христијанска база на избирачи“, вели за ДВ Мартин Индајк, поранешен специјален пратеник на САД за израелско-палестинските односи и поранешен амбасадор во Израел.

Стивен Шпигел, директор на Центарот за развој на Блискиот Исток при универзитетот УЦЛА, е согласен со таа оценка. Тој додава дека ова за Трамп е релативно лесен начин да ги задоволи конзервативните христијани и Евреи кои се негови избирачи. Всушност, признавање на Ерусалим тој вети и во претседателската кампања. Додека на другите полиња главно му е потребна поддршка од Конгресот- а неа главно ја нема и порај републиканското мнозинство во двата дома- тука можеше да делува сам.

Но Шпигел потенцира уште една можна причина која сама по себе и не е толку луда: потребно беше, имено, да се протресат работите, радикално да се промени повеќегодишниот пристап на САД кон проблемот со оглед на тоа дека тој досега не доведе до сериозни мировни преговори, а не пак до решение. „Да се протресат работите, да се излезе со подобра идеја- тоа е во ред, но овој потег не беше тоа, особено бидејќи не е споменато дека источен Ерусалим ќе биде признат како главен град на Палестинците“, вели тој за ДВ.

Крај на угледот на Блиски Исток

Двајцата соговорници на ДВ го критикуваат начинот на кој Трамп ја донесе и ја соопшти одлуката. Со тоа, истакнува Стивен Шпигел, е торпедиран релативниот углед кој Трамп го уживаше на Блискиот Исток со што и САД еден период беа сфатени како најсериозен посредник во преговорите. „Обама на Блискиот Исток генерално не го сакаа, па од тоа профитираше Трамп. Таму не добиваше ниски оценки за својата политика како во другите делови од светот. Со ова тој го расипа тоа.“

Одлуката за Ерусалим всушност така го поништува остатокот на блискоисточната стратегија, вели поранешниот амбасадор Индајк. „Соработниците на Трамп се обидоа сето да го претстават како дел од мировната стратегија, но одлуката е толку неизбалансирана така што можеше да се очекува бес од Палестинците.“ Одлуката, додава, во голема мерка е симболична бидејќи амбасадата нема да може да се префрли со години. „Но на Блискиот Исток симболите разгоруваат конфликти.“

 

DW.COM

Реклама