Штајнмајер: СЈО мора да продолжи со непречена работа | Македонија | DW | 12.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Штајнмајер: СЈО мора да продолжи со непречена работа

СЈО мора да може и натаму да работи непречено во откривањето и казнувањето на злоупотребите на власта и службената положба, вели германскиот министер за надворешни работи во реакцијата по изборите во Македонија.

Германското министерство за надворешни работи објави реакција по одржаните вонредни парламентарни избори во Македонија. Министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер истакува:

„Вчерашните избори во Поранешната Југословенска Република Мекедонија се важен чекор за решавање на долготрајната политичка криза во земјата. ОБСЕ, кој процесот од почеток го следеше со бројни изборни набљудувачи и опсежна техничка поддршка, во целина зборува за мирен изборен тек.

Сега е важно брзо да се формира влада, која својот мандат ќе го користи за забрзување на итните реформи. Во областа на правната држава и судството, јавната управа, како и во слободата на медиумите и мислењето, на земјата ѝ се потребни брзи и убедливи резултати. Специјалното јавно обвинителство мора да може и натаму да работи непречено во откривањето и казнувањето на злоупотребите на власта и службената положба.

Ова е предуслов за граѓаните повторно да стекнат доверба во институциите на својата држава. Само на таков начин ќе се овозможи забрзување на евроатлантските интеграции на земјата.“

 

Реклама