Шлаканица за Трамп: Американски суд нареди спојување на бегалските семејства | Свет | DW | 27.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Шлаканица за Трамп: Американски суд нареди спојување на бегалските семејства

Уште еден пораз на американскиот претседател Трамп: децата кои на американската граница се разделени од родителите мора да бидат повторно споени со нив во рок од 30 дена, нареди американски сојузен суд.

Американскиот сојузен суд во Калифорнија бара децата кои на американската граница се разделени од родителите, во рок од 30 дена да бидат повторно споени со нив. Доколку децата се помлади од 5 години, тоа би требало да се случи во рок од 14 дена.

Во судирот околу разделувањето на илегалните доселеници од нивните деца, американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела направи пресврт и со декрет ја укина таквата пракса. Децата на илегалните доселеници сега би требало да бидат затворани заедно со родителите. Но, во САД сѐ уште има околу 2000 имигрантски деца кои се наоѓаат во прифатни центри во 17 сојузни држави.

Американската граѓанска организација АЦЛУ покрена тужба пред судот во Сан Диего против ваквата пракса. Владата од судот побара да не издава наредба, со оглед на тоа што веќе има декрет од Претседателот.

Proteste gegen die Trump Regierung Separation der Kinder von ihren Eltern (picture-alliance/newscom/J. Ruymen)

Протести во САД против разделувањето на децата и родителите (14.06.2018)

Судот во образложението на својата пресуда вели дека добро систематизирано владеење, кое е „централно за уставниот концепт на правна држава“, не подразбира разделување на семејствата. „Несреќната вистина е дека во сегашниот систем мигрантските деца не се третираат со еднаква ефикасност и прецизност како што тоа се прави со имотот“, констатира судот.

 

DW.COM

Реклама