Шекеринска: нема да правиме „договор со ѓаволот“ | Македонија | DW | 12.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Шекеринска: нема да правиме „договор со ѓаволот“

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во разговор за ДВ отфрла било каква можност за преговори за амнестија со експремиерот Никола Груевски и вели оти на Македонија и треба „чист почеток“.

„Доколку оваа земја не се справи со проблемот на „заробена држава“ и огромна корупција, Македонија ќе оди од една криза во друга. Затоа рековме дека тоа завршува тука, и никогаш не смее да се повтори“, вели Шекеринска во разговор со новинарот на ДВ, Франк Хофман во Скопје. Потпретседалката на Социјалдемократите алудира на шпекулациите за можен договор со поранешната владејачка ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски околу нивна амнестија од сомнежите и обвинувањата за корупција и злоупотреби на функциите.
„Отидовме на избори и покажавме дека мнозинството граѓани сакаат чист почеток. Не се договоривме со Груевски минатата година, не гледам причина зошто би правеле такво нешто годинава кога имаме мнозинство за да ја смениме земјата“, вели Шекеринска.
Повеќе во видеото од разговорот со Радмила Шекеринска: 

 

 

Реклама