Хрватска напред, другите стој! | Балкан | DW | 09.12.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Хрватска напред, другите стој!

Хрватска денеска во Брисел го потпиша договорот за пристапување кон ЕУ.Србија останува во чекалницата до март следната година. Црна Гора се надева на датум за почеток на преговори во јуни. Македонија не е на агендата

Иво Јосиповиќ и Јадранка Косор

Иво Јосиповиќ и Јадранка Косор

Претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпој, го поздрави потпишувањето на пристапниот договор на Хрватска, најавувајќи дека земјата ќе биде „активен набљудувач“ се‘ до полноправното членство за околу 18 месеци. Влезот на Хрватска во Унијата мора да биде одобрен од парламентите на 27-те земји членки на Унијата, но и од хрватските граѓани, кои на референдум ќе ја донесат конечната одлука.

„Денеска е историски ден за Хрватска и за ЕУ“, порача Ван Ромпој.

Лоши вести за Белград

За разлика од официјален Загреб, кој денеска има многу причини за славје, во Белград стигнаа лоши вести за апликацијата на Србија за добивање

Serbien Besuch Kanzlerin Angela Merkel

Србија блокирана поради Косово (фото: Борис Тадиќ и Ангела Меркел)

кандидатски статус. Европските лидери порачаа дека до март 2012 година уште еднаш ќе треба да се оцени дали Србија продолжува да ги исполнува обврските и дали напредува. Клучен проблем за Србија остана состојбата во Косово, каде локалните Срби веќе неколку месеци ги блокираат патиштата противејќи се на преземањето на граничните премини од властите во Приштина. Кризата на северот на Косово и бројните инциденти со припадниците на КФОР придонесоа за голем отпор кон српската кандидатура, пред се‘ во Германија.

Хрватска сега е на пат да стане втората земја од просторите на поранешна Југославија, по Словенија, која ќе и‘ се приклучи на Унијата. Земјата преговараше седум години за членство, а позитивниот исход беше доведен во прашање поради територијалниот спор со соседна Словенија, кој на крајот беше надминат со компромис.

Хрватска мора да продолжи со реформите

„Денеска Хрватска влегува во Европа, но уште поважно, Европа влегува во Хрватска“, порача хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.

Сепак, работата за властите во Загреб не е завршена. Хрватска во следните месеци ќе биде подложена на засилен мониторинг од страна на евробирократите, пред се во однос на борбата против криминалот и корупцијата во земјата, области за кои Брисел има отворени забелешки.

Gipfeltreffen in Brüssel Europäische Union Kroatien unterzeichnet Beitrittsvertrag

Херман Ван Ромпој и Жозе Мануел Барозо

„Хрватска ќе мора да продолжи со реформите“, порача претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Барозо.

Следна екс-југословенска држава која би можела да тргне по стапките на Хрватска е Црна Гора. Во заклучоците од самитот се наведува дека Подгорица може да добие датум за почеток на преговори во јуни следната година, откако лани и беше одобрен кандидатскиот статус. И за Црногорците клучен услов останува да покажат повеќе резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал и да го подобрат владеењето на правото.

Советот на министри на ЕУ неделава повторно ја одложи и одлуката за доделување датум за почеток на преговори за Македонија. Оставено е за тоа да се расправа во рамките на данското претседателство со Унијата, кое започнува со новата календарска година.

Автор: Борис Георгиевски/афп/ројтерс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM