1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Deutsche Botschafterin in Nord-Mazedonien Anke Holstein
Фотографија: Dt. Botschaft Nordmazedonien

Бугарија прави штета на целата ЕУ

БГ /МИА
19 мај 2021

Остри оценки од германската амбасадорка во Северна Македонија Анке Холштајн за блокадата на процесот на проширување на ЕУ. Националистички барања го уништуваат кредибилитетот на ЕУ, порача таа.

https://p.dw.com/p/3tcjY

Германската амбасадорка во Северна Македонија Анке Холштајн остро ја критикуваше блокадата на процесот на проширување на ЕУ и оцени дека една земја членка поради своите интереси ја држи како заложник цела ЕУ. Иако не ја именуваше Бугарија директно, Холштајн јасно порача дека потезите на Софија предизвикуваат голема штета.
„Значи 26 земји членки се држат како заложници од некои мали национални интереси на една земја која прави штета на целата Европска Унија и го уништува нејзиниот кредибилитет на Западен Балкан“, рече германската амбасадорка на дебатата „Иднината на Европа и иднината на проширувањето“, во организација на Европското движење на Северна Македонија во Скопје.

Алудирајќи на спорот со Бугарија, Холштајн рече на Северна Македонија не и останал „простор за маневрирање“ и дека „има црвени линии што не смеат да се преминат“, поздравувајќи ја притоа воздржаноста на Владата во Скопје „и покрај омаловажувањата во овој процес“ со цел да не се нарушат добрососедските односи.

Актуелниот претседавач со ЕУ, Португалија во меѓувреме се обидува да изнајде консензус за преговарачката рамка по што Северна Македонија би можела да ги почне преговорите во јуни годинава, но таквите шанси изгледаат малку извесни поради претстојните, нови, предвремени избори во Бугарија и одбивањето на техничката влада во Софија да преговара со Скопје во тој меѓупериод.

„Ние, Германија, се уште жалиме што не успеавме да го постигнеме овој консенус за време на нашето претседателство и покрај сите напори што ги вложивме и покрај инволвираноста на нашиот владин врв. Денес даваме поддршка на Португалија колку што можеме до максимум“, рече Холштајн.

Таа уште еднаш го повтори германскиот став дека во оваа фаза не треба да се одвојуваат С. Македонија и Албанија, и дека во пакет треба да ги започнат преговорите со ЕУ.

Мешаните сигнали кои им се испраќаат на кандидатите за членство во ЕУ, според амбасадорката, се штетни.

„Северна Македонија за жал се соочува со вакво нешто веќе 15 години. Низ времето ги исполни сите услови што се бараа од неа, па дури и најтешките, поврзани со нејзиното име. Може само да се сомневаме дали и друга европска земја би имала волја да направи вакво нешто. Минатата година Северна Македонија исто така, се соочи со уште една пречка, а сепак и тука тоа е поврзано само со националните интереси на една земја“, вели Холштајн.

Минатата есен ЕУ направи уште едно барање, а тоа беа историските услови, што е точно, а што не, во изминатите сто години за историјата на Балканот. И на крајот на годината се направи ваква проценка, што ќе биде дел од критериумите за пристапување, рече Холштајн.
ЕУ може да биде модератор во историските спорови, но не може да пресудува, заклучи таа.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Штрајк Хамбург

Сѐ застана! Мега-штрајк ја парализираше Германија

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница