Хакери им ги читале депешите на ЕУ-дипломати | Свет | DW | 19.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Хакери им ги читале депешите на ЕУ-дипломати

Хакери со години имале пристап до информации од претставници на ЕУ, пишува „Њујорк тајмс“. Зад нападот наводно стои кинеската влада.

Информации на високи дипломати околу трговската политика на Доналд Трамп и белешки за разговори со претставници од Саудиска Арабија се само две работи кои хакираните информации ги вадат на виделина. Американскиот венсик „Њујорк тајмс“, како што се тврди, добил 1100 хакирани депеши на ЕУ-дипломати.

Еден од документите наводно содржи детали од дискусија помеѓу ЕУ-претставници и кинескиот претседател Ши Џинпинг, кој нападите на американскиот претседател Трамп против Пекинг ги оценува како „боксерски меч во слободен стил без правила“. Во друга инфромација ЕУ-дипломати за средбата на Трамп со рускиот претседател Путин во Хелсинки велат дека била „успешна (барем за Путин)“.

Повеќе:

Русија отфрли вмешаност во глобални сајбер напади

Франција: Хакери украле податоци за нуклеарни централи

Во трета информација висок дипломат на ЕУ препорачува САД да се опишуваат како „наш најважен партнер“, дури и кога ЕУ има различно мислење од американската влада за теми како промена на климата или атомски договор со Иран.

Гледај видео 01:45

Колку фирмите се безбедни на интернет?

Други депеши содржат информации за разговори со претставници од Саудиска Арабија, Израел и други земји.

Според весникот, хакерите продреле во мрежи на ОН, како и во мрежи на министерства за надворешни работи и за финансии. Нападите ги открила и на весникот му ги доставила калифорниската фирма за сајбер-безбедност „Ареа 1“, пишува „Њујорк тајмс“. Хакерите преку „фишинг-мејл“ до дипломати во Кипар успеале да направат прв влез, а потоа си обезбедиле пристап до неопходните лозинки за ЕУ-мрежата. „Ареа 1“ го доведува нападот во врска со кинеската влада.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама