Фудбал: Се враќа ли Германија со Ханзи Флик во светскиот врв? | Панорама | DW | 12.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фудбал: Се враќа ли Германија со Ханзи Флик во светскиот врв?

Предвремениот пласман на Светското првенство во 2022 година покажа дека Ханзи Флик беше добар избор за наследник на Јоахим Лев, смета Штефан Нестлер. Сега преостанува финото штимување.

Пет победи во пет мечеви, билетот за Светското првенство предвреме резервиран- по убедливата победа од 4:0 против Северна Македонија, може да се зборува за почеток од соништата на Ханзи Флик како национален селектор. Со тоа, 56-годишникот го урна рекордот на неговиот претходник Јоахим Лев. Но, со оглед на досегашните противници, нема место за еуфорија: Лихтенштајн, Ерменија, Исланд, Романија и Северна Македонија не му припаѓаат баш на кремот на светскиот фудбал. 

DW Kommentarbild Stefan Nestler

Штефан Нестлер

Поинаква слика 

Па сепак Флик продолжи со успесите како од времето кога беше тренер на Бајерн. И сега како и тогаш, се чини дека успева да го најде вистинскиот пристап кон играчите: да ги мотивира, да го сфаќаат секој меч сериозно и да даваат се од себе до последната минута. Се уште не е се подмачкано во играта на Германија, многу добро шанси се пропуштаат, голем број додавања завршуваат во празно. Одбраната понекогаш изгледа ранлива. Но, откако Флик е на клупата, тимот во сите свои делови има еден сосема поинаков дух. 

Се врати тимскиот дух 

Талентираните офанзивци како Серж Гнабри, Леон Горецка, Лирој Сане или Кај Хаверц се борат за секоја топка. Искусните како Томас Милер и Мануел Нојер даваат се од себе, како да нема ни вчера ни утре. А младите надежи како Флоријан Вирц или Џамал Мусиала го покажуваат својот огромен потенцијал. 

Ханзи Флик Томас Милер Фудбал Германија

Ханзи Флик и Томас Милер во разговор за време на дуелот против Северна Македонија


Ханзи Флик уште во Бајерн покажа дека е голем тренер. Оној кој во една сезона ќе ги освои сите титули, бездруго сторил се како што треба. Првите настапи на репрезентацијата под раководство на Флик ја будат надежта дека со неа ќе продолжи онаму каде што застана во Минхен: кон врвот. Се враќа тимскиот дух кој беше загубен под Јоахим Лев. Сега Флик може да се посвети на финото штимување на репрезентацијата- за Светското првенство во Катар 2022. 

DW.COM