1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Nordmazedonien Parlament - Sitzung am 25.03.2021
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Францускиот предлог влезе во Собрание

ДТЗ
7 јули 2022

Собраниската седница се уште не е закажана. Опозицијата бара шест забелешки да влезат во предлогот за да се заштити македонскиот идентитет.

https://www.dw.com/mk/%D1%84%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BB%D0%BE%D0%B3-%D0%B2%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5-%D0%BC%D0%B8%D1%86%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B8-%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8/a-62401634

Собранието денеска ја префли топката со францускиот предлог на Собранието, па за него во најскоро време ќе треба да расправаат пратениците. Од законодавниот дом потврдуваат дека до нив е пристигната информација за содржината на предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни. 

Оттаму велат дека седница вечерва нема да има, но согласно процедурите, материјалите добиени од Владата ќе се достават до пратениците. Седницата се уште не е закажана. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот протест против францускиот предлог порача дека нема да поддржат никакви уставни измени. Тој вели дека дека станува збор за штетен договор и предавство, порачувајќи дека власта тешко ќе обезбеди 80 пратеници за уставни измени. 

Nordmazedonien Proteste in Skopje
Христијан Мицкоски смета дека власта тешко ќе обезбеди 80 пратеници за уставни измениФотографија: Petr Stojanovski/DW

Опозицијата со шест забелешки

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ги претстави шест забелешки кои бараат да се вметнат во договорот за да ја „заштитат Македонија од ретроградни разговори за историјата и националните херои на земјата“. 

Антонио Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција рече дека за преговарачката рамка бараат две измени во точките 3 и 5 од предлогот односно, да стои дека законодавството на ЕУ се преведува само на македонски јазик без дополнителни квалификации за јазикот и бришење на алинејата од точката 5 за кои велат дека станува збор за билатералниот протокол со Бугарија. 

Во документот насловен како Заеднички став на ЕУ се предлагаат четири измени во точките 1,11,13 и 14,  односно случајот со Македонија да не биде преседан во ЕУ и да нема прва и втора фаза од почетокот на преговорите, бидејќи со ваков документ е очигледно дека Македонија нема веднаш да ги започне преговорите. Тој побара стартот на преговорите да не зависи од уставните измени. Милошоски ги повика и пратениците од владејачкото мнозинство да не одат на принцип на надгласување, бидејќи за вакви одлуки е потребен консензус. 

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби, изутринава најавувајќи го планот за францускиот предлог да одлучува Собранието, а не Владата, рече дека во овој пакет документи не е содржан билатералниот протоколот со Бугарија и дека преговарачката рамка не задира во македонскиот идентитет и јазик и културна посебност. Посочи дека протоколот не е потпишан, туку е усогласуван веќе подолго време и тоа откако е потпишан Договорот за добрососедство на 1 август 2017 година. Груби посочи дека во заклучоците стриктно се забранува на оваа и на која било идна влада да донесе одлука и да преговара по какви било услови по однос на историските, културните, јазичните особености на македонскиот народ, но и на сите други заедници во земјата.

Nord-Mazedonien | Zijadin Sela und Arben Taravari
Алијанса за Албанците ја прекина соработката со ВМРО-ДПМНЕФотографија: DW/P. Stojanovski

Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ се разделија

Синоѓените инциденти и пукање, коишто се случија за време на протестите против францускиот предлог, доведоа и до расправии и раскинување на соработката меѓу Алијанса за Албанците и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Алијанса попладнево соопшти дека ја прекинува соработката со сите политички субјекти кои прават политичко профитерство со анатемизирање на Албанците, меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ со која соработуваше на локалните избори.

Ваквата одлука е последица на синоќешните немили случувања, каде беше приведен Енуз Јусуф Цуфи, член на АА и брат на Зуди Енузи, в.д. директор на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во Скопје. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека тој го вперил пиштолот кон народот и целта му биле или недолжните граѓани или, пак, сакал да пука во него. Веднаш по инцидентот, скопската градоначалничка Данела Арсовска го разреши неговиот брат од директорската функција, што доведе до жестоки препирки и обвинувања со Арбен Таравари, потпретседател на АА.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Конечно шини на Коридорот 8?

Пругата наречена „желба“ ќе влезе во графата - изградба

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница